Кинеска компанија купува милион електрични такси возила
Објавено во: Свет 17 Декември, 2017
Компанијата Didi Chuxing од Кина, ќе купи поголем број електромобили со цел формирање на поголема флота на електрични такси возила за своите услуги -собраќај на повик.
Didi овие денови потпишале рамковен договор за купување со произведувач на електрични автомобили NEVS во севернокинеската општина Тианџин, но двете страни не изнесуваат детали од планираното купување.
Јанџ Џун, потпретседател на Didi Chuxinga, рекол дека компанијата планира да има флота од милион електрични автомобили до 2020 година.
Бидејќи возилата се употребуваат многу почесто од обичните семејни автомобили, електричните такси возила можат значајно да ја намалат употребата на горива.
„Уште не стигнало оптималното време за купување на електрични возила за обичните кинески семејства поради нивните релативно високи цени и недостиг на полначи, но се исплати употребата во урбаниот систем на сообраќај бидејќи нудат ефикасност на потрошувачката на енергија“, рекол Јанг.