19 Април, 2024
0.0279

КИМ НА КРИЛЈАТА НА БИТКОИНОТ: Како Северна Кореја се богати на сметка на дигиталната валута?

Објавено во: Свет 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Брокерите не се единствени кои ја слават биткоин треската која овие денови ја тресе планетата-од неа би можел да профитира и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Експертите тврдат дека Северна Кореја во последните месеци „копа“ биткоини , бара како откуп или едноставно ги краде.

„Факт е дека Северна Кореја напаѓа виртуелни берзи“, изјави директорот на јужнокорејската Агенција за интернет и безбедност Донг Јун Ли.

„Не знаеме колку Северна Кореја досега украла, но полицијата потврдила дека режимот спроведува обид на хакирање“, додал Ли.

Севернокорејските хакери летово нападнале јужнокорејски берзи кои тргуваат со биткоин и други дигитални валути. Според полицискиот извештај на вработените им праќале злонамерни е-пораки.

До биткоин се доаѓа со „копање“ на комплексни алгоритми, а потоа се чуваат во дигитална сметководствена книга.

Експертите не знаат со која количина на биткоини моментално Северна Кореја располага. Се проценува дека нападите ќе продолжат поради изразена вредност која криптовалутата ја достигнала. Вредноста од почетокот на годината пораснала за 1500 отсто и минатата недела достигнала 17 000 долари.

Привлечноста на биткоинот за Северна Кореја не лежи само во неговата вредност туку и во фактот дека со таа дигитална валута не управува одредена влада или банка. За таа земја тоа е посебно важно кога САД се заканува со искучување на Северна Кореја од меѓународниот финансиски систем поради нејзината програма на нуклеарно вооружување.

Биткоинот е популарен меѓу криминалците бидејќи обезбедвува целосна анонимност на исплата, без користење на банките како посредници. Северна Кореја поради тоа своите залихи би можела лесно да ги замени за пари, кои потоа може слободно да ги користи.

Брајс Боланд од компанијата за криптосигурност ФајерАј нагласува дека хакерите на биткоини често ги менуваат за други, пооскудни дигитални валути, а потоа ги селат на други берзи и на крај ги повлекуваат во традиционални валути.

„Со тоа е невозможно да се влезе во траг“, нагласува Боланд.

Познатиот Универзитет за наука и технологија во Пјонгјанг минатиот месец угостил странски експерт за биткоин. Според изјавата на Универзитетот, на предавањта се разработени бројни „технички прашања“ за функционирање на дигиталната валута.

Боланд верува дека Северна Кореја развива војска експерти за биткоин за да го унапреди бизнисот во тој сегмент. Се очекува раст на напади на берзи на биткоин и останати криптовалути.

Можеби ќе ве интересира

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин