25 Април, 2024
0.0341

Како се гласа на акционерско собрание на „Силекс“?

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

За половина час, три физички лица кои контролираат 55,8 отсто од акциите носат одлука со која „Силекс“ авалира идни и сегашни меници издадени и акцептирани од фирмата ќерка „Силпен СТ“ Кратово. Одлуката мора се носи на собрание заради во случаи кога износот за авалирање е значаен и во однос на капиталот на „Силекс“

Мноштво акционери на „Силекс“ одлучија дека нивната компанија ќе биде гарант на нивната фирма „Силпен СТ“ ДООЕЛ во неговите деловни операции и изложеност спрема НЛБ Банка Скопје, објави РИК „Силекс“ официјален записник од одржаното собрание на интернет страницата на Македонската берза.

Одлуката за авалирање меници, како што стручно се нарекува овој начин на гарантирање, ја донесоа тројца луѓе – акционери во „Силекс“ кои заедно поседуваат 55,8 отсто од акциите со право на глас во РИК „Силекс“. Ова е сосема легитимно одржано собрание. Само за споредба во РИК „Силекс“ има вкупно 602 акционери. Значи 599 од нив не ни присуствувале на собранието и не учествувале во одлучувањето. Во принцип оваа одлука за авалирање меници морала да пониме на акционерско собрание заради тоа што се работи за значаен износ на спредства во споредба со капиталот на РИК „Силекс“. 

На акционерското собрание, според записникот, присуствувале Љубисав Иванов – Ѕинго, претседател на управниот одбор на РИК „Силекс“ и најголем акционер – поседува 54,26 отсто од акциите, потоа Власте Савевски – член на управниот одбор на „Силекс“ и акционер што поседува 1,46 отсто од управувачките права и Влатко Топуков акционер што поседува 0,07 отсто од акциите со право на глас.

При тоа собранието го отворил Топуков кој констатирал дека се исполнети условите за одрување затоа што има акционери кои претставуваат 55,79 отсто од сите гласови во РИК „Силекс“. Топуков го предложил за претседавач на собранието Власте Савевски и предлогот поминал со консензус на сите присутни односно за него имало 251.846 гласа односно 55,79 отсто од сите гласови. Претседавачот Савевски го предложил Топуков за бројач на гласовите. Друг предлог немало, пишува во записникот. И тогаш едногласно тројката го избрала Топуков за бројач на гласовите. По завршување на процедуралниот дел, пристапиле кон отворање на работниот дел во кој претседавачот Савевски на кратко образложил, според записникот, дека со оваа одлука одобруваат „Силекс“ да авалира меници издадени и акцептирани од „Силпен СТ“ по основ на договор за кредит, гаранција, акредитив, превземање на долг, пристапување кон долг и други банкарски производи кои се потпишани или во иднина ќе бидат потпишани. Се разбира, за одлуката гласале сите присутни 251.846 гласови.

За половина час од отварањето, во 10:30 часот завршило акционерското собрание во „Силекс“.

За дополнително појаснување на нашите читатели: 

Авал е гаранција која се нотира дека износот назначен во меницата ќе се исплати;

Авалист е лице кое со својот потпис на меницата или на алонжот гарантира за истата на износот одреден во меницата;

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија