Како да најдете работа по 45-тa година од животот?
Објавено во: Финансии 26 Јуни, 2017
Барањето работа во денешно време е стресно, а тој процес може да трае и подолго.
Посебно ако се работи за постар работник, затоа што работодавците бараат помлади кадри.
Статистиката покажува дека постарите луѓе подолго бараат работа од младите.
Еве некои совети со кои овој процес ќе го забрзате.
Исфрлете ги годините од вашата кратка биографија и работните позиции кои денес веќе не постојат. Во CV-то не морате да наведете година кога сте завршиле образование.
Истражувајте на интернет. Барајте компании каде се бараат повозрасни работници. Ова ќе ви даде нови идеи.
Некои работи задржете ги за себе. Немојте да набројувате како вие имате 30 години работно искуство, затоа што тоа ќе ве направи во очите на работодавецот да изгледате постари.
Зголемете ги своите работни вештини.
Бидете флексибилни кога се во прашање платата или други бенефиции, а можете и да работите со пола работно време.
Искористите ги своите контакти. Познато е дека постарите луѓе имаат повеќе контакти.