28 Март, 2024
0.0245

Како да ја направите најдобрата корпоративна забава

Објавено во: Финансии, Мои пари 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Празниците се ближат, а празничното расположение ги наговестува сите прослави и забави. Корпоративната забава е една од поважните настани каде се зацврстуваат деловните врски и е неопходна за дополнителен поттик за работа и придонесе во фирмата. Особено внимание треба да се посвети на воведување интересни и нови работи бидејќи празничните прослави, но и забавите општо, секоја година знаат да бидат исти. Овој тип на настан е витален и освен што е од службен карактер, исто така ги зајакнува интерперсоналните врски.


Еве пет начини за како најдобро да се приреди една корпоративна забава:

1. Креативни и едноставни покани – целта на поканата е веднаш да го привлече вниманието. Најдобар и најсовремен начин е преку кратко видео или гиф каде текстот ќе биде минимален, но содржаен. Се препорачува во поканата да има една одредена фраза која ќе предизвика емоција кај секој. Дополнителен предлог е зборот „празник“ да се одбегне иако станува збор за празнична прослава. Креативната покана е секогаш предност на забавата.
2. Уникатна тематска забава – кога забавата има одредена тема, тогаш таа има и приказна. Целокупното искуство гостите треба да го доживеат како едно патување кое ќе остане во нивните спомени. Дури и најмалите детали играат голема улога во овој чекор – од храната па сè до декорацијата. Исто така, секогаш постои можноста да се инкорпорираат и уникатни изведувачи кои ќе ги забавуваат гостите, како магионичари, бурлески танчари, стомачни танчари, DJ-и, итн. Вистински избор се и забавните игри во кои секој може да учествува, а секако и игрите од натпреварувачки карактер. Со цел дополнително да се истакне брендот и фирмата, добар начин е да се вметне логото во сите овие акти, дизајни, па дури и храна.
3. Максимално искористување на просторот – добро организираниот простор е еден од главните фактори за тоа како ќе се одвива забавата. Доколку просторот е поделен на повеќе области, во секоја област треба да има различен тип на забава што ќе ги поттикне гостите да се движат повеќе. Ова може да биде проследено и со различен тип на храна и пијалаци. Меѓутоа, ако просторот не е поделен на повеќе области, тогаш потребно е да се ограничи областа за танцување, за перформанси, храна, и слично, со што гостите ќе се чувствуваат комфорно.


4. Ангажирање на професионален фотограф – факт е дека секој ќе сака спомените од оваа забава да му бидат запечатени и запаметени. Во денешно време, тие моменти можат да се фотографираат благодарение на паметните телефони, но високо - квалитетна фотографија направена од страна на професионален фотограф никогаш не може да се замени. Со оглед на социјалните мрежи кои се големи платформи за споделување моменти од животот, гостите ќе добијат фотографии со висока резолуција, во добро издание и со можноста да ги споделат тие фотографии.

5.Врвна кетеринг услуга – за крај, највоочлива ќе биде кетеринг услугата за време на забавата, што ја прави и најважна. Вреди да се напомене една од најпрестижните компании во Македонија, „Далма Кетеринг“ која е лоцирана во Скопје. Оваа компанија е лидер во областа на кетерингот и организирање секаков вид на настани со сопствена опрема. Во склоп на претходно наведените услуги, компанијата нуди и конкурентна цена достапна и за најмали семејни веселби. Високиот статус на „Далма Кетеринг“ е по заслуга на врвните готвачи, келнери и организатори, додека пак менито е збогатено со традиционална кујна, егзотични закуски, морски плодови, современи коктел ордевери, детска храна и многу други посебни комбинации кои можат да се искомбинираат по сечиј вкус. Кога станува збор за организирање настани, Далма помага во секој елемент од организацијата, односно: шатори, маси, столчиња, осветлување, аудио опрема, видео опрема, рампа и бина, пиротехника, декорации и многу други аспекти. „Далма Кетеринг“ е избрана да опслужува највисоки државнички церемонии, конгреси и самити, дипломатски и свадбени прослави и токму поради сите предности. Таа е вистинскиот избор на кетеринг компанија!

За повеќе информации, може да се посети официјалната веб страна на „Далма Кетеринг“:https://goo.gl/i5Ttew

Како и официјалната фејсбук страна: https://goo.gl/H1eLQ8

комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“