25 Април, 2024
0.0276

Како АД Струмичко поле со преполовени приходи има двојно поголема добивка?

Објавено во: Економија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Струмичко поле АД с.Василево во период кога повеќе брендови од винарската индустрија бележат намалени добивки покажува дека може да се оствари двојно поголема добивка споредено на годишно ниво и тоа со двојно намалени приходи во истиот период. 

Струмичко поле во првото полугодие од 2017 има двојно помали приходи во однос на истиот период лани. Така за шест месеци Струмичко поле оствариле вкупни приходи од 607 илјади евра, додека пак годината претходно имале речиси двојно поголема продажба како на домашниот, така и на странскиот пазар со приходи од 933 илјади евра. Струмичко поле за периодот јануари-јуни годинава најголем пад на приходите има од странскиот пазар каде продале производи во вредност од 355 илјади евра или за 35% помалку од лани.

Намалените оперативни активности на Струмичко поле значат и помали расходи и тие изнесуваат вкупно 556 илјади евра. Значително помала сума во однос на годината претходно во ова полугодие се потрошени на суровини или околу 218 илјади евра. Во овој период нема промени кај трошоците за вработените па претпоставуваме и дека нема отпуштања, напротив со 288 илјади евра дури и се зголемени за нијанса ако се спореди со ланското прво полугодие.

Интересно е што Струмичко поле нема никакви финансиски расходи, па така нема долгови за камати и слични трошоци. Вкупната добивка на Струмичко поле во првите шест месеци од годинава изнесува 142 илјади евра што е добар резултат ако се спореди со 67 илјади евра профит остварени во ланското прво полугодие.

Струмичко поле котира на Македонска берза со 239.253 издадени акции чија книговодствена вредност е околу 1600 денари, но немаат доделено дивиденда во последните три години. Струмичко поле се занимава со производство на градинарски и земјоделски култури како жито, а полни и вино од сортите ризлинг, вранец, хамбург и смедеревка. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди