Како Џулијан Асанж го коментира биткоинот?
Објавено во: Економија 15 Декември, 2017
Oсновачот на Викиликс, Џулијан Асанж даде изјава за биткоинот, нарекувајќи ја популарната крипто-валута најдобар начин за борба против Волстрит.
Во Твитер, тој сподели дека биткоинот е „вистинскиот „Occupy Wall Street“, цитиран од MarketWatch. истиот ден, Асанж објави дека Викиликс веќе го поддржува SegWit. Ова лето биткоинот имаше пад на цените од 34%, поради поделбата на крипто-валутата во две различни верзии по обновување на софтверот, познато како Segregation Witness (SegWit).
Некои експерти сметаат дека биткоинот може да не се покаже како бараната алтернатива на „Волстрит“, поради фактот дека неговиот праг за влез не е низок, особено со оглед на зголемувањето од 1.600% на цената оваа година, достигнувајќи до 17.777 долари.