29 Март, 2024
0.0267

Каде оди Република Македонија?

Објавено во: Македонија, Анализа 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

пишува Велин Стојановски, полковник во пензија, магистер по Национална безбедносна стратегија

Вонредните парламентарни избори во нашата држава и настаните по изборите наместо да ја решат политичката криза, за жал не доведоа во уште подлабока политичка криза која чекор по чекор не води кон Уставна, економска и безбедносна криза. Оваа криза не е случајна и неможе да се гледа одвоено од целокупниот безбедносен амбиент на Балканот но и пошироко. Од една страна актерите кои имаат силно влијание на глобалната безбедност имаат желба и интерес да ја контролираат состојбата во регионот, од друга страна региоанлните актери пред се Србија и Албанија со сите сили настојуваат да ја влошат политичката состојба во Р. Македонија со цел да ги остварат своите долгорочни стратегиски цели.  

Во услови кога во Украина има секојдневни сериозни прекршувања на кревкиот мир и подготовки нанеколку стотици илјадна Украинска војска за офанзива против сепаратистичките сили. Во исто време една тенковска бригада од армијата на САД подржана со силна пешадија, артилерија и специјални сили на НАТО државите се групираат кон границата со Русија со цел да ја заштитат Европа од можна ескалација на состојбите, а сето тоа е во време кога ЕУ се тресе пред претстојните избори во најсилните членки и најавата на стотици илјади можеби и милиони нови бегалци. Во регионот, пак, се погласно се повикува на нови војни и прекројување на границите. На регионалните воени гласноговорници во прилог им одат и изјавите на влиајтелни светски политичари од вториот ешалон кои сметаат дека настаните од крајот на минатиот век не довеле до стабилизација на безбедноста на регионот и дека има потреба за нови граници. За да дојде до тоа прекројување потребна е искра која ќе го запали регионот.

Во таквов безбедносен амбиент, не случајно во Р. Македонија сеуште не е формирана Влада ниту пак функционира Собранието. Во  услови  на блокирани институциите створени се идеални услови за делување на терористички групи и странските разузнавачки служби пред се од соседните држави кои смислено сакаат Република Македонија да ја турнат во војна со цел тие да профитираат.  Најагресивни се службите од Република Србија кои сметаат дека нивната држава „потпомогната“ од специјалните  сили на се посилната Русија од евентуална војна во регионот, за која нема директно да бидат обвинети.  може да врати дел од Косово или барем да ја добие Република Српска, а ако е можно и дел од Република Македонија. Службите од Албанија пак силно посакуваат конфликт во кој краен резултат би бил вековниот сон за голема Албанија. Како последица на таквото делување се користи  реторика која отворено повикува на војна и нови поделби. Таа реторика е полна со национализам и е наменета за права публика на која тоа и одговара и лесно може да се поведе во посакуваната насока. За да биде ефектот поголем се бираат моменти пред одредени важни настани пред кои се упатува јасна и едноставна порака како ако одредена политичка партија формира влада  ќе има поделби и обратно ако другата партија формира влада државата ќе отиде во длабока криза од која нема враќање назад. После секоја активност и намерно предизвикана изјава на одредени политичари се мери влијанието на тие пораки врз јавноста и се превземаат нови чекори.

Во такви околности во Р. Македонија сто дена по изборите, наместо да се мери учинокот на владата во првите сто  дена од владеењето, ние сеуште немаме Влада ниту пак Собрание кои имаат одредени Уставни и законски обврски во  менаџирањето на безбедноста и благосостојбата на граѓаните. За повеќе од две години колку што трае политичката криза државата е доведена на крстосница со многу можни правци по кои може да тргнеме. Повеќето од нив не водат кон самоуништување, затоа  одговорноста на политичарите е со мудри одлуки да го одберат патот кој сите нас ќе не води кон подобра иднина. Секогаш се прашувам зарем немаме мудри лидери кои можат да препознаат што е добро, а што лошо  за народот или секоја одлука мора да биде само во нивна лична корист и секогаш некој друг, би рекол странците, да ни го посочуваат правецот по кој треба да се движиме.  

Кои се можните сценарија за понатамошен развој на настаните во Република Македонија? 

Прво, да се задржи сегашниот статус без законодавна и извршна власт, а со разнишана судска власт. Ваквата состојба најмногу одговара на криминалните бизниси, перење пари, богатење на поединци, а народот се држи во страв и неизвесност и лесно се контролира, но и услови за базирање и делување на терористички организации кои лесно можат да ја дестабилизираат состојбата. Само да се потсетиме дека таму каде што не функционираат институциите се создава оаза за криминалците и ако знаеме дека повеќе од 500 лица од регионот биле или сеуште се во кризните региони во Сирија и Ирак лесно можат да ги искористат ваквите услови за стационирање на територијата на Р. Македонија.

 Второ, формирање на влада од досегашната опозиција, која обезбеди парламентарно мнозинство, што ќе биде повод за масовни антивладини протести седодека новоформираната влада не биде принудена на нови избори. Се разбира дека за формирање на истата потребен е мандат од претседателот што е малку вероватно дека ќе биде доверен на личност од досегашната опозиција. Секој обид за формирање влада без мандат може да биде повод за безредија со несогледиви последици.

 Третата опција е надворешниот фактор да го присли претседателот да ја изврши уставната обврска и да го довери мандатот на кандидатот на партиите кои обезбедиле мнозинство во парламентот. Секако дека и во такви услови можно е да има нереди што бара од странците да посредуваат и во мирниот трансфер на власта. Но и така формирана влада во спроведувањето на својата програма, колку и да е добра и реформска таа програма, ќе се соочи со масовни протести кои со сите сили ќе се потрудат да дојде до нови предвремени избори. Нови избори нема да ај решат политичката криза туку ќе бидат вовед во уште поголема криза.

Следната опција просилегува од претходната, односно надворешниот фактор да неуспее во обидот да го убеди претседателот по што ќе следат низа притисоци кои ќе прераснат во економки и политички санкции првин кон поединци, а потоа и државата во целина седодека не се прифати формирање на институции кои ќе обезбедат услови за стабилна, толерантна и демократска власт во Р. Македонија.

 Петтата опција е најнепосакуваната и најцрната, а тоа е состојбите да излезат од контрола и да започне меѓуетничка или меѓупартиска војна која брзо ќе се прошири во регионот. Последиците од таква војна се несогледливи за Р. Македонија, а одредени регионални фактори тоа го посакуваат и инвестираат во иницирање на истата за ад си ги остварат своите цели.

Последна и според многумина е најпосакуваната опција е партиите кои влегоа во парламентот, на собраниска седница да ги  одредат националните приоритети кои во иднина кој и да дојде на власт НЕСМЕЕ да ги менува и одстапува од истите и да се формира Влада од експерти кои немаат политички и криминални црни дамки во својата кариера, а ќе бидат прифатливи за сите партии. Ткавата Влада  која покрај спроведувањето на реформите ќе има обврска и во одреден временски рок да изврши деполитизација на државата или едноставно кажано партиите да се одвојат од државата за да се се створат услови за нејзин напредок.

Ако неможат да се договорат за формирање на таква Влада тогаш Собранието ако сака државата да излезе од оваа криза треба да донесе закон со кој во наредните 20 години во секоја идна влада, опозицијата во свои раце ќе ја има судската власт и секој што ќе го прекрши законот без разлика дали е во власта или не е ќе одговара според законите во државата.

Верувам дека политичарите ќе најдат храброст, ќе се ослободат од личните суети и интереси и во името на граѓаните на Р. Македонија ќе изнајдат решение поволно за сите нас.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење