ИЗГОР ЦЕНИ: Ова се најскапите градови за одмор во светот!
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2017
Туристички странски агенции го објавија својот годишен извештај во кој ги рангираат градовите во светот во кои одморот е најскап.
Цените, земени предвид, се оние за ноќевање, едно хранење со шише вино, едно 3-километарско патување со такси, едно кафе, еден коктел и пиво. Разгледани се и вредностите на движење низ градот и на билетите на клучни атракции, но тие не играат улога за крајниот резултат.
Еве и кои градови се најскапи за туристите.
9. Рим, Италија. Вкупна цена на листата услуги за ден: 153 долари
8. Хонолулу, Хаваи, САД. 154 долари
7. Амстердам, Холандија. 157 долари
6. Венеција, Италија. 158 долари
5. Стокхолм, Шведска. 163 долари
4. Осло, Норвешка. 183 долари
3. Копенхаген, Данска. 187 долари
2. Њујорк, САД. 196 долари
1. Цирих, Швајцарија. 212 долари