23 Април, 2024
0.0245

Интервју Сузана Јошевска Анастасовска: Луѓето во Македонија се настроени навивачки

Објавено во: Стил 14 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Силна, пожртвувана и посветена како мајка. Нежна и полна со љубов, како партнерка. Борбена и прецизна, кога е во прашање битката за вистината и животните вредности. Моќна и професионална како адвокат. Девојчето во фармерки кое сонуваше да стане судија, израсна во силен професионалец, кој се бори за столбовите на правната сигурност.

Со нас срдечно ги сподели своите сништа, вредности и предизвици, како жена, мајка, партнерка, но и како професионалец и човек. Сузана Јошевска Анастасовска е мошне интересен соговорник. На Женски Магазин ви откриваме и зошто.

Женски Магазин Деновиве имавте одличен став, за разликата меѓу правдата и правдината. Некако кај нас многу нешта се измешани. Тешко сфаќаме дека секој од нас како активен член на ова општество има свои права, но и обврски. Од тоа произлегуваат одговорности. Свесни ли се луѓето кај нас од последиците на нештата кои ги преземаат? Каков е вашиот впечаток од аспект на вашата професија? Ги разликуваме ли правдата од правдината?

Јошевска Една од првите лекции на правен факултет е разликата меѓу правото и правдата и кој успее да ја разбере, всушност ја разбира и целта на правото.

Луѓето се генерално навивачки настроени и ретко рационални. Од разни причини одбираат опција која сакаат да ја поддржуваат и тогаш нивната свест за тоа што е правилно, праведно или вредно за борба како наеднаш да се стеснува. Добиваат, како се вели, „тунелски поглед“. Кога нивната опција „победува“, навиваат и не размислуваат дали на големата слика губат. Немаме свесност за систем и процедура, а тие се столбовите врз кои почиваат човековите права.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган