29 Март, 2024
0.0275

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, политиките на Заев не пројдоа

Интервју Јаковлевски: Старото членство е незадоволно што изгубивме гласови, ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ

Критики од старото членство има и кон новите функционери кои не ни требаше да се доближат до партијата, а не да добијат високи позиции. Тие се одалечија од народот. Добар дел и на тие што најмногу им помогнавме ни го свртеа грбот.

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Манојил Јаковлески, како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, за време на изборите беше ангажиран како координатор на ветераните и старото членство на партијата. Токму тој испрати и пораки дека не треба да се игра со интересите на државата бидејќи правите патриоти ќе реагираат. Со него разговаравме за долгата политичка криза, за се поостриот тон кој го користи ВМРО-ДПМНЕ кон сите свои критичари, па дури и кон своите поранешни членови кои им се спротиставија на изборите. За формирањето на новата Влада, за реформи во државата но, и во самата ВМРО-ДПМНЕ, Јаковлевски вели дека има простор, но одговорност има и кај опозицијата. 

Фактор: Се надеваме дека тензијата од изборната кампања нема да се прелее и во овој постизборен период. Беа искажани многу тешки обвинувања, еден повисок тон кон странските амбасадори и за вклученоста на албанските гласови за опозицијата, дали тоа и наштети на партијата?

Јаковлевски: Ова се десети избори по ред и јас кажав ако вака продолжиме да го смениме Уставот секогаш кога вмро е на власт да има избори еднаш годишно за СДСМ да може да победи. За Албанците да разјасниме, јас имам многу повеќе вистински пријатели Албанци, а дел од нив и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тие си ја сакаат Македонија како своја татковина, тука се родени нивните татковци и дедови. Тие не се согласуваа со кампањата на Зоран Заев за федерализација и двојазичност. Ние Македонците како поделена нација имаме само една македонска држава и тоа на мал процент на вистинската територија, затоа не може да дозволиме некој да ја подели. Им кажав јас и ветераните, старите, тврдокорните членови на ВМРО-ДПМНЕ да не си играат, за да не почнеме ние да правиме проблеми. Западните мешетари направија еден куп проблеми низ светот. Што? Тие ли ќе дојдат овде за да не смируваат, тогаш не ни требаат. Убеден сум дека тие имаат голем дел од вината бидејќи го храбреа Заев дека е Месијата и тој ќе ја води Владата. Тешко на Македонија ако ја води Заев бидејќи таа повеќе нема да биде каква ја познаваме. Народот покажа дека не се сложува со федерализација и двојазичност.

Фактор: Контра поента е дека СДСМ тврди дека кампањата за албанскиот јазик ја водеше за еден граѓански концепт за подобро меѓусебно разбирање. Од друга страна, вашиот коалиционен партнер ДУИ одржа средба со Алијансата на Албанците каде постави платформа за издигнување на албанскиот јазик заедно со други барања кои мора да ги прифати некоја македонска партија за формирање на влада. Дали ДУИ ќе бара премиер или претседател на Собрание, ќе биде ли тоа прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ?

Јаковлевски: Ако ДУИ притиска со овие барања и ја направи истата грешка како ДПА која излезе од Владата во 2008-ма, ќе стане една минорна незначителна партија. ДУИ самата бараше победникот од македонскиот и албанскиот блок да направат коалиција. Ако самата тоа го погази тоа ќе биде нивен крај. ДУИ не очекуваше дека со помош на „Чадорот“ на Заев ќе им биде направена една игра да изгубат гласови и тоа повеќе нема да го дозволат.

Фактор: Дали се започнати преговорите со ДУИ?

Јаковлевски: Јас не сум во раководството и во тие органи на партијата кои се одговорни и тоа не можам да го знам, но би требало деновиве да започнат преговорите.

Фактор: Во кампањата се вели дека граѓаните најмногу се „пие“ од политичкиот отров. Многу лесно се прогласуваат предавници, па дури и ваши поранешни членови кои ви упатија голем број на критики. Може ли тоа да се смири?

Јаковлевски: Има неколку кои се отргнаа од ВМРО-ДПМНЕ и направија огромна штета за себе и за партијата. Ако во 90-тите влегле во ВМРО-ДПМНЕ со чесни намери, како нас поради идеологија и аманететот тогаш немаше така лесно да излезат и јавно да плукаат. Јас на изборите бев координатор на ветераните и старото членство и вистина е дека има незадоволни, има грешки кои треба да се поправат, не е се идеално. Односот кон старите членови треба да се подобри и се работи на тоа. Дел од старото членство сепак, излезе на изборите и гласаше за нас. Кекеновски, Љубе, Стојанче и Георгиевски ни одзедоа 24-25 илјади гласови и нанесоа штета, но не толку на партијата колку на државата. 

Фактор: Самиот збор федерализација многу лесно го користите, а речиси никој не го наметна како реална опција во кампањата ниту ДУИ, ниту СДСМ?

Јаковлевски: Не е така. Еве самиот Заев во Швајцарија збореше за кантоните. Јас сум живеел 30 години во Берлин, Германија. Тврдам дека нема ниту една европска земја која им дала толку права на малцинствата како Македонија. Зошто во Германија и Франција ги бркаат на пример Ромите? Ние имаме министри, градоначалници, директори од сите етнички заедници. Македонија е како мешана салата, ама со вкус. Ако нашиот парламент го има во било која европска земја таа ќе се распадне ви тврдам, ќе се испотепаат меѓу себе. Затоа тие не можат да ни држат лекции за демократија и нема никаква потреба од двојазичност или федерализација. 

Фактор: Политичката криза трае предолго, особено во последните две години, постои голема поделеност меѓу народот, особено внатре меѓу Македонците. За сите црни сценарија за кои зборите не би имало простор доколку постои единство, зошто тогаш го ширите овој страв?

Јаковлевски: Кризата точно е дека трае предолго, но решнието е едноставно. Јас го познавам Бранко Црвенковски, доаѓал во Берлин. Тој треба да го фати за уши Зоран Заев и да го тргне од партијата, него и уште десетина лица во партијата. Нас насушно ни треба квалитетна опозиција и ние не сме безгрешни, но ако има кој да ги детектира правилно и ние подобро ќе работиме. 

Фактор: Кога веќе го споменавте Црвенковски и некои млади кадри во СДСМ го критикуваат неговото време, па велат мора да постои кривична одговорност конечно во Македонија за некој политичар со што ќе се направи исчекор напред. Истото важи и за сомнежите за криминал во раководството на ВМРО-ДПМНЕ?

Јаковлевски: Јас велам кој се огрешил нека одговара пред законот, а друго е интересот на државата, сепак треба сомнежите да се докажат. Но, еве што направи СЈО, цела година постои, се партизираше и работи непрофесионално ниту еден предмет не им помина.

Фактор: Да, но критиките се дека не се обезбедени доволно услови, дека судството е под притисок и има бројни институционални пречки?

Јаковлевски: Ако СЈО навистина обезбеди квалитетни докази пред судот од тоа никој не може да побегне. Велат дека судството е партизирано, па да ве потсетиме дека токму СДСМ во еден ден смени 600 судиии, тие за кого работат сега, дали се независни. Јас не се сомневам дека судовите делуваат демократски. Не може кога пресудува во ваша корист да е добар и обратно, тоа се двојни стандарди.

Фактор: Груевски побара 63 пратеници но, не ги доби, каде ги гледате грешките. Во кампањата повеќе се насочи на неколку економски мерки, додека пак опозицијата говореше за демократски реформи, подобрување на јавната сфера, на медумите, правосудството. Ако немате правна сигурност, независни институции и критички медиуми, како би имале економска стабилност и прогрес?

Јаковлевски: Вистина е дека се фокусиравме во програмата на економските мерки. Целата програма на 500 страници е економска и тоа е добро за ова време кога невработеноста беше многу висока, со цел да го подобриме стандардот. Но, не се концетриравме на политиките, можеби не ги препознавме намерите на СДСМ да ја активира албанската дијаспора и да дава многу пари за гласови. Не дававме лажни ветувања и да даваме погрешни насоки на луѓето. 

Фактор: Во едно идеално сценарио за вас ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, но ќе има тесно мнозинство. Како ќе се искористи наредниот период, ќе има ли конечно реформи во области кои се нотирани како критични?

Јаковлевски: Постојано зборуваме за диктатура, ако е така како може Заев секоја вечер да излегува на телевизија и да критикува, па до сега би требало да биде уапсен, а него ни влакно не му фали. ВМРО-ДПМНЕ секако, ќе формира Влада, но таа нема да биде стабилна бидејќи немаме големо мнозинство како што баравме 63 пратеници, па можеби за година две ќе имаме нови избори. И во тој период државата ќе функционира ве уверуваме, ние сме навикнати на постојани проблеми. Не за џабе се викаме Македонија, мораме со маки. Ќе излеземе од оваа криза многу посилни. Проблемите со медиумите ќе се решат. Прво треба да се избрка СОРОС и Владата ќе обезбеди пари за помагање на медиумите но, со промакедонска политика, а не за странски интереси. 

Фактор: Треба ли ВМРО-ДПМНЕ да се демократизира, бидејќи има перцепција дека е премногу центристичка партија и нема внатрешна дебата, барем така ние ја гледаме однадвор. Има ли критики кон раководството, се бара ли одговорност за нив и промени?

Јаковлевски: Јас реков, не сум дел од раководните органи, но како член ги следам сите процеси. За гласовите кои ги изгубивме, тие што ни ги повлекоа партиите на Љубчо, Љубе и останатите, како и на гласови на кои ние не им посветивме доволно внимание мора да има промени. Критики од старото членство има и кон новите функционери кои не ни требаше да се доближат до партијата, а не да добијат високи позиции. Тие се одалечија од народот. Добар дел и на тие што најмногу им помогнавме ни го свртеа грбот. Некој да ти даде парче леб а, ти да плукаш на него не е христијански. Меѓутоа и самиот претседател Груевски најави дека по изборите ќе има големи промени кои ќе се случат, тие се за доброто на партијата и на државата. Функциите не се вечни, добро е што Груевски е многу ангажиран, има визија како да ја развие Македонија и треба да му оставиме простор да ја продолжи економската програма. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење