25 Април, 2024
0.0460

Интервју Черепналковски: Градиме партнерски однос со корисниците и заедно создаваме понуди според нивните потреби

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

НЕОТЕЛ е телекомуникациски оператор основан со македонски капитал и преставува најголем продавач на транзит интернет кој снабдува дел од операторите воМакедонија, како и оператори од соседните држави. За нивната застапеност во Македонија, за понудите, услугите и новитетите на НЕОТЕЛ, разговаравме со генералниот директор на компанијата, господинот Трајче Черепналковски.

Фактор: Во телекомуникацискиот сектор има големи промени и придвижувања. Понудите се зголемуваат, операторите се обидуваат на секој начин да добијат претплатник плус. Дали ова значи дека се зголемува квалитетот или само квантитетот на понудите?

Черепналковски: Добро е да има промени на пазарот. Тоа овозможува воведување новитети со што директно се влијае на квалитетот на услугите кои се нудат. Ние во НЕОТЕЛ сме навикнати да одиме чекор по чекор, да не брзаме со голем број понуди, туку сакаме на нашите клиенти да им овозможиме сериозна услуга со иновативен пристап – да дадеме нешто што е поинакво на пазарот. Така беше градена и самата компанија. Одиме чекор по чекор, постепено градејќи вистински вредности. Поразлични сме од другите затоа што се обидуваме да го задржиме односот на партнерство со нашите клиенти. Не сакаме брзи решенија бидејќи тие можеби носат резултати на кус рок, но на долг рок се губи квалитетот и реално клиентите. Нема напредок без постојана комуникација, без интересни понуди, без одлични цени. Тоа е реалноста. Или ќе го применувате тоа во вашата работа или нема да успеете.

Фактор: По основањето на НЕОТЕЛ, за брзо време на македонскиот пазар понудивте широк спектар услуги од областа на телекомуникациите. Според вас, дали сте задоволни од досегашното остварување на целите?

Черепналковски: Ова е сектор што се развива брзо и бара континуирано инвестирање во нови технологии, инфраструктура и сервиси. Информациите се движат со голема брзина, технологијата нè изненадува со новини постојано. Од оваа перспектива може да кажам дека сме задоволни од тоа како се развиваме. Во нашето досегашно работење внесовме стандарди кои подразбираат висококвалитетни услуги и придобивки за корисниците и за нашите вработени. Со развивањето на сопствена оптичка мрежа, НЕОТЕЛ веќе обезбедува свој сервис на поголем дел од територијата на Македонија. Денес, за сите во домот истовремено нудиме фиксна телефонска линија, брз и квалитетен интернет пристап и интерактивна телевизија, со богата и разновидна понуда на канали.Повторно сме поинакви затоа што им овозможуваме на нашите корисници напредни сервиси, лесно надградливи, кои ќе им овозможат континуитет во работењето и воедно едноставни планирања за понатамошен развој.

Фактор: Постојано најавувате и овозможувате нови и иновативни услуги, а со цените и квалитетот на услугите ја зголемувате и конкурентноста на пазарот. Што го издвојува НЕОТЕЛ од конкуренцијата и што е она различното кое го нуди НЕОТЕЛ за своите постоечки и нови корисници?

Черепналковски: Не сакаме да се споредуваме со другите, бидејќи едноставно не влегуваме во шемата на класичен оператор. Како што веќе напоменав, за нас е важно да се гради партнерски однос со клиентите, се обидуваме да бидеме чекор понапред во нудењето услуги. НЕОТЕЛ е најголем продавач на транзит интернет, кој преку партнерски однос со дел од кабелските оператори во Македонија овозможува брза, евтина и квалитетна телефонија во повеќето градови.Ние сме единствениот оператор кој успешно работи од 2008 година со WiMAX мрежа за пристап до корисниците, којашто комплетно ќе биде заменета до крајот на оваа година со последна генерација на LTE Advanced безжична мрежа за пристап. Кога станува збор за телевизијата, освен што ги овозможува сите погодности, како што се паузирање, премотување и снимање на програмата во живо, вклучувајќи електронски програмски водич, neoTV сите овие придобивки ги нуди на кој било смарт уред (мобилен телефон или таблет) и насекаде каде што има интернет. Со одлично развиената мрежа на територија на Македонија и своите точки на присуство во Франкфурт, Виена, Софија, Тирана и Приштина, НЕОТЕЛ израсна во респектабилен регионален оператор. Поврзаноста со сите соседни држави со сопствена оптичка инфраструктура ни овозможи да понудиме големи капацитети и на операторите од соседните држави кои што во НЕОТЕЛ препознаа доверлив партнер за соработка.

Фактор: Може да забележиме дека во портфолиото на НЕОТЕЛ може да се сретнат најразлични пакет услуги за физички лица. Но сепак, како компанија сте препознатливи по своите висококвалитетни услуги за бизнис корисници. Какви се услуги обезбедувате за овој значаен сегмент?

Черепналковски: Можеби во последно време повеќе сме присутни во медиумите со понудите за домашни корисници, но мора да потенцираме дека НЕОТЕЛ е компанија која што обрнува посебно внимание на бизнис корисниците како еден од сегментите кои што најдолго и најдобро го работиме. НЕОТЕЛ е докажан телекомуникациски оператор кој нуди професионални решенија скроени по мерка на деловните потреби, а како дел од услугите што ги нудиме ќе издвојам три. Првата е ИСА (Интернет симетричен  пристап) што преставува интернет за клиенти на коишто им е потребна стабилна врска со загарантирана брзина и неограничен трансфер на податоци, стабилност и скалабилност, како и вклучени статички IP адреси во рамки на понудата. Како дериват на ИСА сервисот, нудиме и симетричен интернет пристап со незагарантирана брзина и со ограничен број статички ИП адреси наменет за средни компании, кои имаат потреба од стабилна врска, но не им е неопходна загарантирана брзина. И како продукт наменет за малите компании тука е и оптичкиот интернет со незагарантирана брзина, но и без можност за статичка ИП адреса. Значајно учество во нашето портфолио заземаат сервисите за пренос на податоци, кои ги користат локални и меѓународни компании, финансиски институции, амбасади, организации и глобални телеком оператори. Бизнис секторот секогаш има потреба од логистика која што ќе го поттикне динамичниот развој, а ние следиме што се му е потребно или може да помогне за подобра работа на бизнис ентитетите. Затоа, во соработка со Неоком, којшто е доминантен сопственик во НЕОТЕЛ нудиме cloud услуги под брендот neoCloud и наскоро ќе започнеме со нудење услуги и во новиот дата центар на Неоком, изработен по најсовремени стандарди за безбедност на податоци. И секако, како последна, но не и најмалку битна би сакал да ја споменам понудата на телефонија за деловни корисници, единствена на пазарот која нуди тарифирање по секунда, што според статистиките ја намалува сметката најмалку за 30 проценти.

Фактор: Какви се плановите за во иднина? Дали ќе воведете нови услуги со цел да го привлечете и задржите вниманието на корисниците?

Черепналковски: И покрај тоа што моменталните услуги и понудите коишто ги нудиме на клиентите совршено ги задоволуваат нивните барања и потреби, во време на технолошки иновации и нивно брзо реализирање од идеја во нови и современи проекти, ни дава за право и можност да го учиме и следиме тој тек, а потоа и да бараме начини како да го имплементираме во нашите услуги. Како одговор на ова, НЕОТЕЛ континуирано инвестира во развој како на мрежата и технологиите, така и во обука и едукација на вработените за да излезе во пресрет на потребите на модерните компании кои што би сакале да развиваат иновативни продукти, а за тоа имаат потреба од телекомуникациски услуги. Како што и претходно напоменав, НЕОТЕЛ секогаш стои на располагање за приватните и деловните корисници со целосна понуда на својата експертиза и техничка поддршка. Отворени сме за соработка и разговор со сите, со цел, заедно да ја најдеме и овозможиме најдобрата услуга за нивно квалитетно професионално работење и животно функционирање. Како компанија постојано инвестираме во истражување и развој на постојните и нови сервиси и во насока на овој развој, наскоро ќе воведеме и нови услуги како за деловни така и за домашните корисници.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет