16 Април, 2024
0.0239

ИНТЕРВЈУ БЕНИ ШАЌИРИ: Долго време сме во општа лудачка состојба

Објавено во: Стил 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се доде до саканата цел. Јас цврсто одбирав и одбирам да бидам на страната на отвореноста, храброста, чесноста и искажувањето на сопствениот став, така што со мене сите се на чисто.

Од „Без мудрости“ на „Макфест“ во 2001 година, преку преработките на домашните рок-класици во албумот „Лектира“, до најновиот хит „Немој да се курчиш“, Бени и „Нон стоп“ се впечатливи музичари на домашната сцена. Иако е рокер во срцето, Арбен Шаќири изјавува дека кај нас воопшто нема никаква музичка сцена, а камо ли рокенрол. Освен со својот бенд „Нон стоп“, Бени може да се пофали и со богат соло музички багаж, како и со заедничкиот албум со Златко Ориѓански „Добро утро, госпоѓо“. Во интервјуто за Женски Магазин, Бени без да штеди зборови раскажува за она што му фали на нашето живеење, и што е она што сме го загубиле како луѓе. Се потсетува на вредностите кои ги научил од покојниот татко, познатиот новинар и уредник во МРТ, Хисен Шаќири, и раскажува за она што со сопругата Лиса ги учи неговите синови, Мик, кој има шест години и Бен, кој е стар неполни четири. За поавтентично да се доживеат зборовите на Бени, интервјуто е пренесено на неговиот оригинален скопски жаргон.

Женски Магазин- Како настана песната „Немој да се курчиш“, кому му е посветена?

Бени- „Немој да се курчиш“ настана спонтано, без тенденција да се дојде до некаков хит, со намера да се искаже револт спрема една општа лудачка состојба во која се наоѓаме веќе долго време. За таа состојба не гледам друго решение, освен сите заедно да кренеме глас против идиотскиот набој кој преовладува на овој простор години наназад. Овде луѓето кои се сосема празни, си умислуваат дека се нешто битно, а у суштина се сосема празни и бесцелни во сопствените настојувања да направат нешто или некому нешто да докажат!!! Се работи за колективна хистерија, која вака или онака стана дел од нашиот ментален код, и се разбира дека на тоа лудило мора по било која цена да му се застане на пат, инаку сме на „пут без повратка“.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре