24 Април, 2024
0.0275

ИМПЕРИЈА ВО ЗАОЃАЊЕ: Овие две земји до 2050 ќе ја пристигнат САД како прва економска сила во светот

Објавено во: Анализа 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Светската економија до 2050 ќе се удвои со претпоставка на општи поттикнувачки мерки и изостанување на големи глобални катастрофи, прогнозира една од најголемите консултантски куќи.

Кина до 2050 година ќе стане најголемата светска економска држава, додека САД ќе заостане зад Индија како што се предвидува во најновото истражување на консултантска компанија "PricewaterhouseCoopers" (PWC) .

На листата од 32 земји, втемелени на проценка на бруто домашен производ искажан со паритет на куповната моќ, водечкото место и припаднало на Кина со проценет ДДП во 2050 од 58 500 милијарди долари и петтина удел во светската економија.

Следи Индија со БДП поголем од 44 000 милијарди долари, додека САД се најдоа на третото место со проценета вредност на БДП од 34 100 милијарди долари, проценувата во PWC.

Четвртото место и припадна на Индонезија со проценет БДП од 10 502 милијарди долари, петто на Бразил со 7 540 милијарди, а шестото го зазема Русија со 7 131 милијарда долари.

Меѓу европските држави Германија на листата го заземала деветото место со проценета вредност на БДП од 6 138 милијарди долари во 2050 година.

Државите во развој во требало и во наредните 30 години да бидат мотор на раст на светската економија и до 2050 година да сочинуваат скоро половина од светската економија, во однос на сегашните околу 35 посто, утврдиле во американската консултантска компанија.

Уделот на ЕУ 27, без Британија, во светскиот БДП би можел да се намали под ниво од 10 посто и со тоа би бил помал отколку во Индија.

„Очекуваме растот во најголем дел да се оствари во државите во настанување и тие во развој , при што седум земји - Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Мексико, Русија и Турција во наредните 34 години ќе растат во просек околу 3,5 посто годишно“, се напоменува.

За споредба, развиените држави од групата Г7-Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД- во просек ќе пораснат само 1,6 посто годишно, проценуваат во американската советодавна компанија.

Меѓу 27 земји од ЕУ најмногу би требало да порасне Полска, додека Британија има потенцијал по надминатите последици од Брегзит да расте во просек повеќе од ЕУ27 во целина како што се напоменува.