29 Март, 2024
0.2590

ХРВАТСКА ПОПУШТИ: Еве под кои услови ќе може да се извезува овошје и зеленчук

Објавено во: Агробизнис 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватска го повлече контроверзниот правилник за инспекциска контрола. 

Хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ денеска донесе одлука за повлекување на Правилникот за фитосанитарна контрола на овошје и зеленчук, увезени од држави што не се членки на ЕУ. 

Одлуката на Толушиќ доаѓа по критиките на земјите од Западен Балкан. Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево побараа Загреб под итно да го повлече правилникот.

Овие земји побараа Хрватска да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во решавање на спорот. Тие најавија и дека ако Загреб не ја повлече одлуката за зголемување на цените на инспекциите, ќе преземат реципрочни мерки кон Хрватска.

Со правилникот се предвидуваше цените за инспeкцискиот надзор да бидат зголемени за повеќе од 22 пати. 

Според новата одлука која ќе биде објавена утре, контролата на овошјето останува на сила, а секоја пратка која влегува во Хрватска мора да биде без штетници, овошјето мора да биде здраво и зрело.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи