20 Април, 2024
0.0327

ХРАНА, АЛКОХОЛ, ФАЛСИФИКАТИ: Што падна во рацете на царинските службеници?

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани замрзнато пилешко месо, пиво, облека и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Храна и пијалоци

- 4.200 килограми замрзнат пилешки стек, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. Возачот, управувајќи камион на кој бил натоварен контејнер, пријавил дека превезува празен контејнер што треба да го врати на пристаништето во Солун. Сепак, царинските службеници го селектирале возилото за контрола и во внатрешноста на контејнерот забележале преправки во предниот дел, каде откриле специјално направен преграден простор наполнет со 350 пакети со замрзнато месо. Непријавеното месо, чија вредност е проценета на околу 338 илјади денари, е привремено задржано, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава поради сомневање дека сторил кривично дело „Криумчарење“.

- 166 литри пиво (363 шишиња од 0,5 и 0,33 литри) од различни марки, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното пиво, пронајдено во три куфери, три ранци и во неколку пластични кеси и картонски кутии, сместени под предните и задните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Облека и модни додатоци

- 160 парчиња детска облека (хеланки, пижами, фустани, маици, блузи, шпихозни и долна облека), откриени при контрола на бугарскиавтомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени во една торба и еден куфер, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 124 парчиња разни производи (облека, ташни, паричници, бижутерија, шминки и украсни кутии), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 77 пара очила за сонце со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Сингапур, наменета за физичко лице од Косово.

Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, очилата се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители