28 Март, 2024
0.0256

Хан и Румен Радев го поздравија ратификувањето на Договорот со Бугарија

Објавено во: Македонија, Балкан 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан на Твитер го поздрави денешното ратификување на Договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија.

„Тоа е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ. Договорот е исто така пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан“- пишува во Твитер објавата на Хан.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја поздрави ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија. Смета дека денешното ратификување од страна на македонското Собрание ги комплетира процедурите и го отвора патот за влегување во сила на овој политички документ, што, како што оценува, е најважен за билатералните односи.

„Договорот, што е резултат на долгогодишните напори на дипломати и државници, отвора нова европска страница во билатералните односи. Влегувањето во сила на овој меѓународен акт доаѓа во момент во кој Бугарија го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија. Ова има огромно значење за бугарско -македонските билатерални односи и дава јасен сигнал за позитивните случувања на Балканот, кои го доближуваат регионот кон Европа, во контекст на приоритетите на бугарското претседателство“- стои во реакцијата на претседателот.

Радев повика на строго исполнување на точките утврдени во договорот, како и на започнување со сите проекти кои ќе го подобрат животот на бугарските и македонските граѓани.

Пратениците денеска на 30-тата собраниската седница со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во работата на Парламентот не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија беше потпишан на 1 август 2017 година од  премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење