Гори на островот Кефалонија, туристите избезумени
Објавено во: Балкан 17 Август, 2017
Голем пожар избувна на островот Кефалонија, но благодарение на силното присуство на пожарникари, огнот не успеал да ги зафати куќите во близина. Сепак, почна евакуација на две села, а туристите се превезуваат со автобуси, соопштува грчкото издание „Прото тема“.
Пожарите уништија два електрични столба, поради што се појавиле проблеми при снабдувањето со електрична енергија.
Две од жариштата на пожарот се изгаснати, но други се преместени кон непристипен регион и се очекува денеска да бидат изгаснати со помош на авиони.
Грција побара и помош од ЕУ за справување со огнените стихии.