Google има генијална тактика за сајтовите со фејк вести
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2017
Google применува нова тактика за спречување на сајтовите со фејк вести со тоа што им пласира лажни реклами на легитимни страници за да провери што всушност објавуваат.
Еден од начините на кои ваквите сајтови стекнуваат популарност е тоа што закупуваат онлајн простор на веќе етаблирани медиуми и таму пуштаат реклами со провокативни наслови од фејк вести кои брзо се шират меѓу читателите.
Штом сервисите на Google ќе ги проверат огласите и утврдат дека шират лажни вести веднаш вршат блокирање на таквите кориснички профили.
Ова е доста генијална алатка на Google за детектирање на администраторите кои шират лажни вести и со блокирањето на Google AdSense сметките им вршат значително намалување на приходите.
Сепак, тие активираат и други онлајн платформи за рекламирање каде не се важни содржините туку само бројот на кликови, па така нивните приходи не се целосно сопрени.
Исто така штом еден профил им е откриен креираат нов, а доколку сајтот им е обележан од Google или друг познат сервис многу лесно креваат нов сајт со едноставните алатки за програмирање преку WordPress.