Големи снежни наноси во грчка Лариса
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2018
Големо невреме проследено со силни врнежи на снег и дожд пропратено со ветер го зафати реонот на грчкиот град Лариса, што предизвика повеќе проблеми во сообраќајот, како и поплави.
Поројните дождови предизвикаа поплави во реоните на Агиоскампос и Велика, кои го отежнаа, а на некои патни правци и целосно го прекинаа патниот сообраќај.
Во планиските предели околу Лариса пак се регистрирани обилни врнежи на снег, кои предизвикаа и создавање снежна покривка во областите Ливадија и Еласона.