Голема спасувачка акција: Заглавени мигранти во Егејското море
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2017
Турската крајбрежна стража денес спроведе акција за спас на 68 мигранти кои со гумен чамец се заглавиле меѓу карпи во Егејското море, јавуваат од турската телевизија HTB.
Тие заминале од одморалиште во областа Дикили кај Измир и планирале нелегално да стигнат до грчкиот остров.
Меѓу мигрантите имало и деца, а во акцијата за спасување се вклучија и два хеликоптера.