(ГАЛЕРИЈА) Тренинг на „Црвените ѓаволи“ во Скопје
Објавено во: Македонија, Галерија 07 Август, 2017
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе се на стадионот „Филип Втори“ во Скопје каде имаат тренинг. Скопје два дена ќе биде во центарот на вниманието на светот, бидејќи тука ќе се соочат два големи европски клуба Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Овие две екипи утре на стадионот „Филип Втори“, ќе играат за титулата најдобра екипа на стариот континент. На подобриот тим на овој натпревар ќе му припадне трофејот на Суперкупот на УЕФА.И двете екипи во согласност со прописите на градскиот стадион одржаа по еден тренинг.
ФОТО ФАКТОР