Галерија: Прв работен ден на новата Влада - оптимизам но, и огромни очекувања
Објавено во: Македонија, Галерија 05 Јуни, 2017
Претседателот на Владата на Република Македонија ја одржа првата работна седница со неговиот нов кабинет на кој се разговараше за првите чекори кои може да се реализираат на краток рок, идеи за наредниот период како и разговори за поделба на ресорите и доделување на задачи на новите министри.
Новата Влада почна на отворен и транспарентен начин, па новинарите имаа ретка можност да ја сликаат и снимаат внатрешноста на зградата чија обвнова чинеше 17 милиони евра.
Мебелот и архитектурата, како и отворените порти не мора да значат ништо ако нема одговорност и простор за критика, па затоа Фактор одблиску ќе ги следи сите настани.