23 Април, 2024
0.0277

(ГАЛЕРИЈА) Премиерот доби покана за Нова година да оди во Солун, Заев вели ќе размисли

Објавено во: Македонија, Галерија 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Со жалење и сочуство за загинатите во поплавите во Грција премиерот Зоран Заев денеска го пречека солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.

Премиерот на пресконференицијата рече дека на средбата се разговарало за прашања од непосреден и заеднички интерес, остварување на заедничките цели и интензивирање на комуникациите помеѓу двете соседни земји.

„Прекуграничната соработка, отворањето можности за соработка во туризмот, културата и локалните политики се од голема важност за граѓаните на Македонија и Грција бидејќи директно влијаат на квалитетот на животот затоа Владата ќе ги поддржи сите проекти од идните договори за конкретна соработка“, рече премиерот.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис посочи дека на средбата не се опфатени прашања од надворешната политика, туку е дискутирано за соработката меѓу претставниците на локалните власти која е важна за понатамошна соработка меѓу луѓето и земјите.

Меѓудругото премиерот доби директна покана новата година да ја дочека со семејството во Солун.

Бутарис рече дека го поканил премиерот Зоран Заев да дојде во Солун приватно, да ги поминат празниците заедно, додека премиерот рече дека ќе размисли за понудата, дека идејата е добра и можеби заедно со Ципрас заедно ќе ја дочекаат 2018.

ФОТО: ФАКТОР

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу