(ГАЛЕРИЈА) Колкава е излезноста на ниво на Македонија до 13 часот?
Објавено во: Македонија, Галерија 15 Октомври, 2017
Според податоците на Државната изборна комисија излезноста во Македонија до 13 часот е 27,11%.
Во Скопје до 13 часот одзивот на гласачи е 29,17%.
Според податоци на општинските изборни комисии, во Делчево до 13 часот гласале 33%, во Македонска Каменица 41.3%, Дебар 25%, Центар Жупа 20%, Куманово 23.07%, Гевгелија 35.9%, Дојран 33.2%, Валандово 30.05%.
Во Велес излегле да гласаат 30.72%, а во Тетово 18.78%. Во Демир Капија гласале 47.53% до 13 часот.
Гласачките места се отворени во 7, а ќе се затворат во 19 часот.ФОТО ФАКТОР