(ФОТО+ВИДЕО) ПУСТОШ ВО ЕВРОПА: Еве што направи невремето
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2018
Во снежната бура што ги погоди Белгија, Холандија и Италија загинаа најмалку 12 лица.
Дуваа силни ветрови кои на места достигнаа брзина од 200 километри на час.
Во европските градови, погодени од бурата, има големи нарушувања на патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај.
Во Германија загинаа најмалку осум лица.
Во Холандија при пад на дрвја загинаа двајца мажи на 62-годишна возраст.
Во Белгија загина една жена, додека во Италија загина маж кој паднал од неговиот коњ поради силниот ветар.