(ФОТО+ВИДЕО) КАТАКЛИЗМА ВО КАЛИФОРНИЈА: Ова е најголемата поплава во последните 100 години
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2017
Во Калифорнија повеќе од 50.000 луѓе се евакуирани поради најголемите поплави во последните 100 години.
Веќе има проблеми затоа што предупредувањето не е издадено навреме.
Сен Хозе од вчера е под вода. Реката Којот Крик во вторникот се излила од своето корито.
Дел од жителите рекле дека предупредувањето стигнало до нив кога дошле спасувачи со чамци да ги евакуираат.
Градоначалникот Сем Рикардо им советува на граѓаните да не влегуваат во вода затоа што е загадена од канализација. Но, луѓето не го послушаа и влегуваат во вода за да ги спасат своите имоти. По улиците пловат автомобили и делови од мебел.
Водата е над еден метар, а спасувачите дење и ноќе ги вадат луѓето од домовите. Властите не очекувале вакво сценарио, но признаваат дека коритото на реката мора да се среди.