28 Март, 2024
0.0240

(ФОТО) Шестте најопасни места за туристи-отидовте ли таму, можно е да не се вратите никогаш!

Објавено во: Стил 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Ви се досадија ли популарните градови, кои се полни со толпи туристи? Барате авантури и возбуда? Тогаш овие дестинации се вистински за вас. Но, внимавајте - има сосема реална опасност да не се вратите во добра состојба од нив ... или воопшто да не се вратите, бидејќи ова се некои од најопасните места во светот. 

Национален парк Мадиди, Боливија

На прв поглед ова место изгледа крајно живописно, но всушност крие огромна опасност. Зошто? Бидејќи таму расте најотровната фауна во светот. Контакт со кое и да е од растенијата води најмалку до осип и чешање, а можно е и до многу посериозни проблеми. Дури и најмалата рана пак може за неколку секунди да биде инфицирана со тропски паразити. 

Островот на змиите, Бразил

Местото е дом на најотровните змии на планетата. Научниците утврдиле дека таму има по пет змии на квадратен метар. Не сме сигурни зошто некојби сакал да отиде на островот, но ако сте љубител на влекачите, имајте во предвид дека таму имало доста смртни случаи. 

Пустината Данакил, Еритреја 

Температурите таму често достигнуваат 50 степени. Активни вулкани, гејзери, од кои излегуваат токсични гасови - тешко е да се замисли брутален пејзаж. И сепак пустината Данакил привлекува бројни храбри туристи. Посетите без локален Водич сепак се строго забранети.

Долината на смртта, Камчатка, Русија

Високата концентрација на отровни гасови во овој регион е сериозна закана за секој кој се осмелува да ја посети. Затоа и таму не расте вегетација и нема животни.

Езерото Натрон, Танзанија

Пејзажот изгледа како од друга планета, но Алкалната покриеност на езерото уништува сè што стапи во контакт со него. Можете да ја видите оддалеку, но испарувањата нема да ви дозволат да уживате долго.

Атол Бикини, Маршалски Острови

Нека рајската глетка не ве понесе. На Атол се извршени многу нуклеарни тестови и тој е претворен во земја на радиоактивен отпад, кој може да предизвика рак и други болести.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи