25 Април, 2024
0.0260

(ФОТО) ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 20 ДЕНА: Нема човек кој нема да посака ваков одмор!

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Aгенцијата за организација на луксузни патувања „Дрим мејкер“ измислила нешто потполно ново и досега невидено во светот на туризмот.

Се работи за пат околу светот наменет само за милијардери, а зошто само за нив ќе ви откријат фотографиите и деталите.

Патот на кој се тргнува со приватен авион вклучува обиколка на 20 градови за 20 дена, а чини неверојатни 13,85 милиони долари!

Луксузниот одмор под името Passport to 50“ почнува во Кох Самуиј , остров во заливот Тајланд, потоа се посетува Тајланд, Катаманду, Непал и Сијем Реп во Камбоџа, Агра во Индија, Фиренца и Сијена во Италија, Кан и Мулин во Франција, Лондон во Британија, Барселона, Ибица и Марбеља во Шпанија, Маракеш во Мароко, Хавана на Куба, Ноксвил во Тенеси (САД) , Кона, Хаваи и Ел Нидо на Филипините, и на крај Манила, каде одморот се завршува.

Резервациите моментално се достапни по наведената цена, а авионот може во луда авантура да поведе до 50 луѓе одеднаш. Првото вакво патување ќе биде реализирано во август, а оние кои ќе имаат среќа да се најдат на него, ќе имаат прилика да уживаат во целиот луксуз, како да се во најскапите светски хотели. 

Во понудата се наоѓаат часови по јога, спа услуги, модни ревии, хипнотерапија и терапија за подобар сон, кои ги спроведува холистичкиот гуру Април Норис.

Цело време гостите на располагање имаат новинар и фотограф, снимател, како и секретарка за социјални мрежи, кои се грижат за се, како патниците би можеле да уживаат и да не прават никаков напор дури ни да се  фотографираат.

Уште еден примамлив детал за кој се верува дека ќе ги привлече богаташите е и тоа што во авионот повремено ќе доаѓаат и гости, од боксерската легенда Роберт Дуран, до екс соработникот на кралицата Елизабета. Богатите гости ќе имаат шанса и да играат турнир во покер за добротворни цели, со покерската легенда Даниел Негрин.

Тука ќе  има и гости за интимни дружења, а патниците сами го бираат нивото на интимност со гости.

„Се трудиме да внесеме иновација и да го зголемиме искуството на нашите патници, од полетување, до слетување. Посебно внимание ќе посветиме на тоа туристите да имаат идеална комбинација на спиење и уживање, што е најдобар начин навистина да се одморите“, вели директорот на агенцијата Грегори Патрик и додава дека сертифицирани професионалци ќе се погрижат добро да спиете и да одморите со помош на светла, звуци, ароми, хипнотерапија, дури и технологии специјализирани за спиење.


„Нашата визија е да создадеме уникатен, искуствен одмор, настан чиј корен е во креативноста и ситните детали, кои на крај ќе донесат највисок стандард за клиентите кои бараат престиж и луксуз“, вели Патрик.

Клиентелата за ова патување ќе бидат милијардери кои навикнале на луксуз , а јахти, приватни авиони, раскошни журки и хотелски комплекси со 5 ѕвезди веќе им досадиле.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо