(ФОТО) Еве како изгледале Брнабиќ и Вучиќ во 90-те
Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2017
Фотографии oд српскиот претседател Александар Вучиќ и од српската премиерка Ана Брнабиќ од 90-те години се појавија на Твитер.
Брнабиќ завршила во Петтата белградска гимназија, а потоа во САД каде во 1998 година завршува студии за бизнис администрација. Магистрирала во Британија.
Вучиќ завршил Правен факултет во Белград, а англиски јазик усовршувал во Брајтон, Англија. Како еден од најдобрите студенти во генерацијата, бил и стипендист на Фондацијата за развој на научната младина. Работел на Канал С на Пале, Република Српска, во 1992 и 1993 година каде подготвувал и водел вести на англиски јазик. Вучиќ тренирал кошарка и играл фудбал.