19 Април, 2024
0.0314

(ФОТО) Десет градови го укинуваат она без кое што Македонците не можат

Објавено во: Стил 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Додека повеќето Македонци не можат да се одвојат од своите автомобили, во овие градови се работи на намалување на сообраќајот, смогот и општото загадување.

Во поедини градови се охрабрува користење на јавен сообраќај, во други велоспиедизам, а некаде и пешачење.

Во овие 10 градови во последните пет години користењето на личните автомобили драстично е во пад.

10. Џенова, Италија

За да го намали сообраќајот на своите автопатишта, Џенова успешно го вовела проектот делење на автомобили. Повеќето патници би користеле еден автомобил во текот на годината, а трасата и времето на возење би го резервирале преку интернет.

Според последните достапни податоци од 2015 година, ICS проектот (Иницијатива  "Car Sharing") само во овој град имал околу 1300 корисници и четириесет автомобили. ICS се проширил на уште десетина италијански градови, а вкупниот број на корисници изнесува повеќе од 22 000 и 600 автомобили.

9. Руан, Франција

Во овој град веќе со години успешно се спроведува проектот делење на велосипеди под името “Cy'clic”.

8. Милано, Италија

Во период кога воздухот бил позагаден, овој и уште неколку други италијански градови вовел забрана за сообраќај во своите центри. Забраната е следена со евтини карти за јавен превоз, а во поедини градови од забрана се исклучени хибридни возила.

7. Валенсија , Шпанија

Овој град во 2014 години ја лансираше SmartCity платформата. Разни сензори се поставени по целиот град, во автобусите и како апликации на паметни телефони. Собраните податоци одат во градската управа и претпријатија како би развиле апликации кои се користат за подобрување на ефикасноста на енергетиката и заштита на животната средина.

6. Фиренца , Италија

Центарот на градот е „zona a traffico limitato“, односно зона на ограничен  сообраќај. Овде можат да поминат само жители, автобуси и такси возила.

5. Диузбург-Хам, Германија

Германија е првата земја која воведува велосипедски автопат кој ќе спојува десет градови во Германија, а ќе биде долг 100 километри.

4. Солун , Грција

Овде се родила Грчката мрежа за зелени градови.

3. Рим, Италија

Само третина од Римјаните уште возат автомобили.

2. Осака, Јапонија

Овој јапонски град е познат по своите „денови без автомобили“ и електрични автомобили.

1. Бостон, Сад

Прекарот кој го има овој град е „пешачки град“ бидејќи 13 отсто од жителите како превозно средство употребуваат сопствени нозе.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре