20 Април, 2024
0.0246

ЕВТИНА ТАРИФА: Проверете си дали ви е активирана дневната евтина струја

Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Имплементацијата на евтината тарифа е во тек а промените според најавите треба да бидат завршени на 24ти октомври.

Владеачката партија повторно ја воведе евтината дневна тарифа, која трае од  14 до 16 часот, секој ден од понеделник до сабота, а што треба да направите и како да дознаете дали вашето броило има активна евтина тарифа. 

Она што треба да го направите е да  погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Евтина струја имате ако во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2.

800.000 броила низ територијата на цела држава ќе бидат прилагодени на новата дневна евтина тарифа согласно одлуката на Владата на РМ и РКЕ.

 Тоа значи дека  покрај стандардната ноќна евтина тарифа од 22ч до 7ч и целодневната евтина тарифа во недела, корисниците  ќе добијат и  дневна евтина тарифа во периодот од 14ч до 16ч. секој работен ден и сабота.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари