Европските лидери ќе разговараат за Иран, Северна Кореја, Брегзит
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2017
Денес се одржува самит на високо ниво во Брисел, на кој ќе се дискутира за голем број актуелни прашања. Главните прашања ги вклучуваат односите со Турција, нуклеарни и балистички програми на Иран и Северна Кореја и Брегзит.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во писмото со кое ги поканува европските лидери на самитот, вели дека ќе бидат разгледани "длабоко вознемирувани случувања во Северна Кореја, ситуацијата во однос на Иран, како и Турција". Покрај тоа, ќе се одржи политичка дискусија за надворешни аспекти на миграцијата со посебен фокус на финансиските потреби за запирање на приливот на илегални мигранти од Африка. Лидерите на Европската унија, исто така, ќе разговараат за прашањата на дигиталната Европа и безбедноста и одбраната.
Исто така, францускиот претседател Емануел Макрон ќе зборува за трговски преговори, а британскиот премиер Тереза Меј ќе сподели впечатоци за моменталната состојба на преговорите за Брегзит.
Во петокот, учесниците ќе разговараат за агендата за следните две години, за да се фокусираат на практични решенија за вистинските проблеми на граѓаните на ЕУ. Потоа лидерите на 27-те земји-членки без Велика Британија ќе разговараат за понатамошната стратегија во преговорите за повлекување на Велика Британија од блокот.