Ердоган не верува дека САД ќе им го одземат оружјето на Курдите
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2017
За турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган е „трик“ ветувањето на САД дека ќе им го одземат оружјето на курдските Народни одбранбени единици на северот на Сирија.
Вели дека Анкара ќе бара одговорност од која било страна, која ги снабдува ИПГ со оружје „за секој куршум што ќе биде истрелан врз Турција“.
„Оние кои мислат дека ќе ја измамат Турција кажувајќи дека ќе го вратат оружјето што ѝ го дале на оваа терористичка организација, ќе сфатат, на крајот, дека прават грешка“- рече Ердоган во Истанбул.
САД скоро објавија дека по поразот на групата „Исламска држава“ ќе им го одземат оружјето на курдските борбени формации. Ова ветија дека ќе го направат да ја смират загриженоста на Турција поради вооружувањето на Курдите на нивната граница.
Додека Вашингтон ги смета Курдите за сојузници, Турција ги смета за „продолжена рака“ на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК).
Од 80-тите години на минатиот век Курдите се бунтуваат на југоистокот на Турција.