18 Април, 2024
0.0235

Ема Стоун ги предводи најплатените актерки во Холивуд

Објавено во: Стил 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Младата актерка Ема Стоун, која ја освои наградата „Оскар“ за најдобра женска улога за филмот Ла ла ленд, според анализата на магазинот Форбс е најплатена за изминатата година во Холивуд. Стоун ја заработила оваа сума во периодот од јуни 2016 година до јуни 2017 година. Во неа не се земени предвид даноците на приход кои актерката ги платила или треба да ги плати.

На второ место е актерката Џенифер Анинстон, со приходи во износ од 25,5 милиони долари. Серијата „Пријатели“ продолжува да носи приходи на 48-годишната актерка, која исто така е рекламно лице на флаширана вода „СмартВотр“ и на авиокомпанијата „Емирати“.

Трета на листата е Џенифер Лоренс од франшиците „Игри на гладните“ и „Икс мен“ со 24 милиони долари, која бележи значителен пад во споредба со минатогодишните приходи од 46 милиони.

Актерката, која се бори за еднакви плати на мажите и жените во Холивуд, во рангирањето ги надмина Шарлиз Терон, Ема Вотсон и Мелиса МекКарти.

Десетте највисоко платени актерки во светот заработиле вкупно 172,5 милиони долари, што е за 16 проценти помалку од претходната година.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре