Доларот ги запре цените на нафтата на берзите
Објавено во: Економија 23 Февруари, 2017
Силниот долар ги запре цените на нафтата на меѓународните берзи.
На лондонскиот пазар цената на барел падна 35 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 56,83 УСД.
За речиси ист износ намалена е и цената на американскиот пазар, паѓајќи на 53,96 УСД.
Нафтените пазари ја црпат поддршката од договореното намалување на производството за 1,8 милиони барели дневно.
Извештајот на Американскиот нафтен институт од средата покажа дека резервите во САД се намалиле со 884.0000 барели до 512,7 милиони барели во текот на неделата. Аналитичарите очекуваа раст во висина од 3,5 милиони барели.На почетокот на неделава ОПЕК изјави дека земјите од картелот и други водечки производители во голема мера се во согласност со договорот за намалување на производството, кој стапи на сила во почетокот на годината.