25 Април, 2024
0.1084

Дизни со купувањето на Фокс стана опасен гигант

Објавено во: Економија 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Корпорацијата Дизни плати неверојатни 52 милијарди долари за да го преземе филмското студио Фокс кое претходно беше во сопственост на медиумскиот конгломерат на тајкунот Руперт Мердок. Да појасниме дека Дизни го откупи само филмското студио кое стои зад хитови како Deadpool и X-Man, но не и на кабелската мрежа на ТВ станици Fox News.

Сепак, и со приспојувањето на Фокс кон Дизни се создава една моќна филмска империја која под своја капа веќе ги има најпопуларните филмски франшизи, од суперхероите на Марвел, пиратите од Карибите, до ултра профитабилните филмови од Star Wars серијалот со претходното преземање на Lucasfilm од легендарниот филмаџија Џорџ Лукас.

Во сопственост на Дизни ќе преминат и големите серијали Аватар за кои Џејмс Камерон со години ги подготвува новите продолженија. Да потсетиме дека во 2009 година Аватар ги сруши сите рекорди на заработка низ светот од над 3 милијарди долари поради тоа што беше прв филм со новата модерна 3Д технологија. Сега, Дизни ќе ги поседува и Симпсонови, научно-фантастичната серија Alien и уште многу други.

Стратегијата на Дизни е во наредниот период да лансира сопствен видео стриминг сервис што ќе значи дека досегашните ТВ серии кои ги емитува на Нетфликс ќе ги повлече. Исто така на сопствениот стриминг ќе ги поставува и новите ТВ сериии од телевизиското студио на Фокс каде исто така има голем број на хитови кај публиката, а секако ќе има и барем дваесет добри филмски блокбастери секоја година со ваков огромен потенцијал на франшизи.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија