Дете од Штип почина на Детската клиника во Скопје
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018
Машко дете од две и пол години oд Штип синоќа починало на Детската клиника во Скопје, каде било сместено повеќе од еден месец борејќи се со неколку посериозни заболувања.
Последните неколку дена на Детската клиника, тоа е лекувано од грип, а имало и други здравствени проблеми.
Неговата состојба вчера нагло се влошила, лекарите се обиделе да го реанимираат, но без успех.