28 Март, 2024
0.1501

Дане Тодоровски: Најголем предизвик за 2018 е отворање на Сара Фешн во регионот

Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Интервју Дане Тодоровски, менаџер за малопродажба во Сара Фешн 

2018 година е година со високи цели и аспирации. Како и досега, ние ќе продолжиме да работиме кон зголемување и оптимизација на производното потфолио кое е атрактивно и достапно за нашите потрошувачи. Дигитализацијата на услугите и воведувањето на нови технолошки решенија за оперативна ефикасност ќе продолжат со зголемен интензитет. Но најголемиот предизвик за оваа година ќе биде воведувањето на Сара Фешн на други регионални пазари и тоа најмногу преку сопствен систем на франшизирање-вели Дане Тодоровски, менаџер за малопродажба во Сара Фешн 

Фактор.мк Годината ја започнувате со голема акција насловена како Тотална Чистка. Што можат вашите потрошувачи да очекуваат? 

Дане Тодоровски: Како што и самото име кажува, Тотална Чистка е акција која има за цел да го направи уште подостапен поголем дел од асортиманот во Сара Фешн. Во периодот од 15 јануари до 5 февруари, нашите купувачи ќе може да очекуваат големи попусти на веќе добро познатата колекција на долна облека и пижами, класичните и дезенирани модели на Пенти хулахопките, како и огромен избор на женски, детски и машки чорапи по атрактивни цени. Обидувајќи се да ги следиме светските трендови во малопродажбата, Тотална Чистка претставува прва голема кампања од овој вид во нашето постоење. Истовремено, таа ги најавува и нашите нови колекции, кои ќе се појават веднаш по нејзиното завршување.


Фактор.мк Како е да се предводи целиот малопродажен тим на Сара Фешн, особено ако се знае дека работите во динамична индустрија каде секојдневно се соочувате со најразлични предизвици?

Дане Тодоровски: Претставува голема одговорност секојдневно да се раководи со целиот ланец на продажни места на Сара Фешн. Потребите на потрошувачите, бројот на продажни места, широката асортиманска понуда, како и големината на тимот се фактори кои допринесуваат кон брзата динамика на работењето. Мојата основна задача е да градам средина која овозможува широк степен на флексибилност и соработка на луѓе од различни професионални полиња и вештини. Неочекуваните предизвици најефикасно се решаваат доколку постојат јасно поставени цели и секој има самодоверба во своите вештини и капацитети за остварување на истите. Затоа најголем дел од мојот ден е исполнет со прибирање на информации преку набљудување и комуникација, како и делегирање и менторство врз основа на затегатата состојба.

Фактор.мк Сведоци сме на континуираниот раст и развој на ланецот на продажни места Сара Фешн. Кој е клучот за успешна малопродажба во Република Македонија?

Дане Тодоровски: Успехот е директно поврзан со два клучни фактори – понуда на производи кои се во склад со барањата на нашите потрошувачи и компетентен тим кој е подготвен за остварување на потребните цели. Денес нашите потрошувачи се постојано во тек со најголемите светски трендови - желбите и потребите се менуваат многу брзо. Ние сме бренд кој го препознава ова и е секогаш спремен да одговори на истите.

Од друга страна, нашиот успех не би бил остварлив без тим кој е подготвен да одговори на сите промени. Навистина е тенка линијата помеѓу градење на слобода и кретивност на тимот и одржување на стандардите кои не прават посакувани кај потрошувачите. Во рамките на централниот објект на Сара Фешн се наоѓа и целосно опремен тренинг центар кој е подготвен да одговори на сите образовни потреби на нашиот тим. За развојот на тимот допринесува и развојот на професионална средина која поттикнува делегирање и менторирање.

Фактор.мк: Освен во Македонија, имате свои продажни места и во Србија. Можете ли да направите споредба на пазарите во двете земји?

 Дане Тодоровски: Србија е земја од стратешко значење за развојот на брендот Сара Фешн. На прв поглед двата пазари се многу слични во однос на сегментацијата на потрошувачите помеѓу главниот град и остатокот од државата. Понатаму, потрошувачите во двете земји имаат навистина високи очекувања за квалитетот на производите и услугата. Во нашата индустрија може да се забележи поголема моќ на купување кај српските потрошувачи споредено со македонските.

Но, клучната разлика помеѓу Република Македонија и Србија е големината на потенцијалниот пазар. Тоа подразбира далеку поголема конкуренција, како од домашни така и од странски продажни ланци. Големината на српскиот пазар допринесува до менување на потребите на купувачите на различни територии. Затоа е потребно будно следење на продажните трендови за секој регион и создавање на индивидуални стратегии за развој.

Фактор.мк: Кои ви се предизвиците како менаџер за малопродажба на Сара Фешн за оваа 2018 година?

Дане Тодоровски: 2018 година е година со високи цели и аспирации. Како и досега, ние ќе продолжиме да работиме кон зголемување и оптимизација на производното потфолио кое е атрактивно и достапно за нашите потрошувачи. Дигитализацијата на услугите и воведувањето на нови технолошки решенија за оперативна ефикасност ќе продолжат со зголемен интензитет. Но најголемиот предизвик за оваа година ќе биде воведувањето на Сара Фешн на други регионални пазари и тоа најмногу преку сопствен систем на франшизирање.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија