19 Април, 2024
0.0450

Цел свет моментално лудува по нејзината играчка, а таа едвај врзува крај со крај

Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Замислете како ќе се чуствувате ако ја измислевте една од најпопуларните играчки на светот? Веројатно би биле горди, и задоволни бидејќи би знаеле дека ве чекаат многу пари...

Во случајот на Кетри Хетингер (Catherine Hettinger), се работи за мешавина од гордост и фрустрација. Имено, Хетингер, според пишувањето на многу странски медиуми, го создала „fidget spinner“, моментално најпопуларната играчка на светот, а од тоа нема ни еден единствен цент.

Кетрин осум години плаќала одржување на патент за изумот кој настанал уште во 1990 година, но во 2005 година повеќе не била во финансиски можности да го одржува патентот поради превисоката цена која изнесува преку 400 евра, пишува сајтот „Индекс.хр“. 

„Немав пари. Толку е едноставно“, рекла таа за Гардијан.

Едвај врзува крај со крај

И додека прозиведувачите и продавачите на „fidget spinner“ задоволно тријат раце и полнат џебови, оваа 62-годишна жена едвај врзува крај со крај. Ја продала куќата и купила поевтин стан, и го исклучиле телефонот бидејќи немала пари како би платила сметки и се надева дека еден ден ќе има доволно пари за да купи автомобил кој работи нормално.

„Тешко е да се биде пронаоѓач. Дури околу 3 отсто од изумите донесуваат пари. Гледав како многумина пронаоѓачи ги стават куќите на хипотека и губат се. Земате потстанари, ви помагаат пријатели и роднини. Тешко е“, раскажува таа за Гардијан и признава дека денес би била во целосно поинаква ситуација ако продолжела да плаќа одржување на патентот: Не би имала проблеми. Тоа би било добро“.

Сепак, и покрај се, тврди дека не е огорчена, туку популарноста на  „fidget spinner“ ја охрабрува.

Како настанал оригиналниот „spinner“

Што се однесува до настанувањето на изумот таа тврди дека се почнало едно грозно лето во раните деведесетти години кога боледувала од miastenije gravis, автоимуно пореметување кое предизввикува слабеење на мускулите, а во тоа време морала да се грижи и за својата ќерка Сара.

„Не можев да ги подигнам играчките ниту да си играм со неа. Почнав да правам некои рбаоти од весници и самолеплива трака. Не се работеше ни за прототипови, туку за играчки со кои си играше мојата ќерка. Кога нешто ќе и се допаднеше, јас ќе го направев тоа. Но, тогаш под сплет на околности ја создадов и првата немеханичка верзија на „spinner“. Тој настана благодарение на заедничката работа на мене и мојата ќерка“, вели Хетингер која следните неколку години ги поминала претставувајќи и продавајќи го својот изум. Но, заработката била толкава колку да ги покрие трошоците на производство.

Патентот го осигурала во 1997 година , а баш кога изгледало дека се би можело да тргне во вистинска насока, големиот произведувач на играчки „Hasbro“ 2005.година се откажал од производството на „spinner“,а се откажала и Хетингер која тогаш престанала да плаќа одржување на патентот.

Големата грешка не ја предомислила. Продолжила да ја работи таа работа како би можела да си ги плати сметките, а работи и како советничка на изумители во Флорида. Ја почнала кампањата на „Кикстартер“ како би почнала да произведува оригинални „spinner“ играчки, но ситуацијата во овој момент не буди премногу надеж за позитивен исход.

Некои медиуми пишуваат дека Хетингер не е изумител на оваа интересна играчка, а таа сама рекла за Блумберг дека не знае дали нејзиниот патент би можел да се примени на денешните „spinnerи“. Експертите за патенти исто така се скептични. Како што стојат работите, веќе неколку месеци веројатно нема ни да ни е грижа за него.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“