BWM го прогласи Ефтимоски за банкарски директор на годината
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2017
На глобалните Business Worldwide Magazine (BWM) 2017 CEO награди Владимир Ефтимоски, директорот на Стопанска банка А.Д. Битола освои дури две признанија Ефтимоски според Business Worldwide Magazine (BWM) 2017 CEO Awards е прогласен за банкарски директор на 2017 година, а исто така се стекна со наградата за најдобра стратегија за развој.
Наградите за најдобри генерални извршни директори беа отворени за сите иновативни и инспиративни лидери препознавајќи ги нивните лични придонеси за организациите кои ги водат да бидат успешни.
Владимир Ефтимоски е награден за неговиот иновативен и револуционерен пристап во банкарството што е огромно достигнување земајќи ги во предвид турбулентните услови во Западен Балкан откако во 2009 се случи кризата и оттогаш следи постeпено опоравување на пазарите. Споредено со други региони Македонија покажува стабилни стапки на раст без оглед на нивната висина, а банкарскиот сектор има зголемено ниво на ликвидност.
Новите трендови се повеќе ги прифаќаат корисниците кои веќе не се потпираат на традиционално банкарство туку користат и модерните услуги со безготовински трансакции, успех кој се должи на Ефтимоски и неговиот тим во Стопанска банка А.Д. Битола.
Банката се фокусира на активности кои претходно не биле извршени од други банки или компании во Македонија. Стопанска Битола е една од најиновативните банки на македонскиот пазар.
Повеќе детали за BWM наградите и овогодинешните победници ќе најдете на веб адресата: https://www.bwmonline.com/awards/.
На следниот линк ќе најдете и сторија за Стопанска банка А.Д. Битола на веб сајтот на BWM наградите.