Борисов уверен дека спорот може да го решат Заев и Ципрас
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2018
Откако Македонија го надмина проблемот во односите со Бугарија преку договор на иницијатива на Заев и Борисов, бугарскиот премиер смета дека слична „тактика“ може да се примени и за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција во директен разговор на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципра.
Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека е оптимист и оти ги охрабрува двајцата премиери да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот.
- Двајцата премиери треба прво на билатерално ниво, како што направивме ние со Заев, потпишавме договор за добрососедство и го ратификуваше Собранието во Скопје, треба и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво да го решат спорт меѓу нив - вели Борисов, потенцирајќи дека и Ципрас и Заев се доста сериозни луѓе.
Сепак, објаснува бугарскиот премиер, менталитетот на Балканот е таков што „секоја интервенција, па дури и да е предлог за сoработка, нема да наиде на добар прием, бидејќи не треба да се заборави дека ние на Балканот сме многу топлокрвни нации“.
Од Стразбур, каде што ги претстави приоритетите на бугарското претседатество на ЕУ, Борисов, јавува дописникот на МИА од Атина, вели дека е оптимист за решавање на спорот со името и им нуди помош на двајцата премиери доколку им е потребна.
- Ги поддржувам нивните меѓусебни разговори, ги познавам, доколку имаат потреба од помош, веднаш ќе им помгнам, но треба двајцата да одлуча - вели бугарскиот премиер.
Софија, како што посочи, сака одлични односи меѓу Атина и Скопје какви што има Бугарија и со двете земји.