19 Февруари, 2018
0.4006
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Богоевски: Како да браниш закон со кој не се согласуваш во целост?

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2018

Активистот на Шарената револуција и актуелен пратеник, Павле Богоевски по подолго време излезе со свој став во јавноста по однос на прашањето за новиот Закон за употреба на јазиците. Тој беше најмногу посочуван на социјалните мрежи со критики поради една негова позната изјава „Нема двојазични пари, нема двојазични униформи, нема казни за незнаење албански“, па затоа и се бараше негово објаснување од бројните критичари. Да прецизираме дека во новиот закон се вели дека на парите ќе има симболи на граѓаните кои го зборуваат јазикот на 20% од населението и иако ова не значи изрично албански двојазични пари, сепак е решение кое треба подетално да се дебатира. Богоевски во своето обраќање на социјалните мрежи истакнува дека не треба да се молчи.

„Како да браниш закон со кој не се согласуваш во целост? Особено, како да браниш таков закон, за кој си гласал ЗА?

Очигледно, не со молчење. Никако со молчење.

По подолго (неоправдано) отсуство од социјалните мрежи, сакам да се изјаснам по неколку работи:
1. Мојот молк во јавноста.
2. Законот за употреба на јазиците.
3, Ситуацијата со наводните двојни аршини во судењето против мене и она против членовите на левица.

Последните објави на социјалните мрежи ми се во почетокот на Декември, 2016г. Кога стана очигледно дека поради процедуралните рокови на комисиската расправа, бројот на поднесени амандмани и очекуваното несогласување помеѓу ДУИ и БЕСА, нашите амандмани нема ниту да стигнат на ред да бидат разгледувани. Тоа значеше дека сите наши претходни укажувања за јавна расправа и амандманско ургирање во предложениот текст паднаа во вода.Прв пат ми се случи да ветам нешто (заедно со бројни други колеги и колешки од пратеничката група), за што излезе дека нема никаков начин да го остварам (оствариме). Не знаев што да пишам, немав што да пишам. Дури не пишав ништо ниту за Нова Година, ниту за Божиќните празници. Како можам, макар и само да честитам НГ, кога толку значајно политичко прашање виси во воздух? Кога знам каква канонада од (основани и неосновани) критики следи?

Тука погрешив. Не требаше да молчам. За прашање кое е толку значајно, требаше да укажам на тоа што сметам дека се недостатоци на текстот и однапред да ги објаснам причините за моето гласање“ пишува Богоевски.

Тој исто така посочува дека сите спорни уставни прашања има начин како да се решат преку институциите но, ако законот биде оценет како уставен тој и понатаму ќе го поддржува и повторно ќе гласа за него во Собранието.

„Во однос на законот за јазици, сакам да бидам многу јасен околу една работа - НЕМАМ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ СО БРОЈОТ И ТИПОТ НА ПРАВАТА КОИ СЕ ДЕФИНИРААТ ВО ЗАКОНСКИОТ ТЕКСТ. Искрено верувам во идејата за едно општество, во идејата дека сите сме еднакви пред законот и дека граѓанинот треба да може да комуницира со својата држава на својот мајчин јазик. Исто така, верувам дека законот не го надминува духот и формата на Рамковниот Договор. Но, имам проблем околу конкретниот текст и неговата применливост. Поточно, се сомневам дека деловите кои се однесуваат на парите и униформите се противуставни. Но, текстот влезе во последната фаза во собраниската процедура непроменет, ист како што влезе и во првата. Во меѓувреме, сите политички структури во владеачката коалиција јасно и јавно се согласија дека текстот ќе оди на оценување во Венецијанската комисија и дека Законот ќе биде променет согласно СИТЕ забелешки кои ќе пористигнат од таму. Потоа, Уставниот суд е механизам кој им стои на располагање на сите граѓани кои се сомневаат во уставноста на одреден закон.

Затоа, кога тоа прашање веќе дојде на маса и кога се постави начин за справување со евентуалните недостатоци во законскиот текст, не сакав да избегам од неговото решавање. Гласав ЗА и ќе гласам ЗА при повторното гласање, имајќи предвид дека Iванов не го потпиша Указот. Што се однесува на применливоста на законот - како и кај сите други закони, тоа е нешто што ќе треба внимателно да го следиме и навремено да реагираме при секој проблем кој можеби ќе се јави.

За крај на оваа тема, сакам да напишам уште нешто: Добар дел од критиките за моето гласање за Законот за употреба на јазиците се однесуваат на еден мој твит од 10ти Март, 2016г. Таму велам дека: Нема присилно учење јазик - сегашниот текст не предвидува граѓаните Македонци задолжително да учат албански јазик. Предвидува обврска за институциите да имаат капацитет да комуницираат и на албански јазик; Нема казни за незнаење албански - законскиот текст предвидува казни за институциите кои нема да го почитуваат законот, не за граѓаните кои нема да научат албански; Нема двојазични банкноти, двојазични униформи - сегашниот текст ги предвидува овие нешта, но јас би ја почекал Венецијанската комисија пред да донесам суд. На крајот на денот, ако Венецијанската комисија или Уставниот суд се изјаснат дека тие одредби се уставни, јас немам проблем со тоа; Нема промена на Устав - Дефинитивно нема промена на Уставот на Република Македонија по ова прашање“ смета Богоевски.

Пратеникот кој неодамна беше ослободен од кривичен прогон за „шарањето“ државни институции додека за дел од учесниците во протестите и натаму се водат судски постапки исто така има свој коментар.

„На крајот, би сакал да напишам за наводните двојни аршини при постапувањето на Обвинителството во случајот против мене и во случајот против членовите на левица. Здравко, Гени и Владимир се гонат за истото дело за кое бев гонет и јас - Учество во толпа што ќе стори кривично дело. Но, тоа се различни предмети, различни постапки пред судот и различни околности. Постапувањето по аналогија, не само што не е дозволено, туку е и изрично забрането во нашето кривично право.

За да постои ова дело, треба сторителот да учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилства спрема луѓе или ќе оштети или ќе уништи имот од поголема вредност (над пет просечни месечни плати. Со други зборови, ако има штета над пет плати - има дело, ако нема толкава штета - нема дело. За разлика од првите два дена на протестите од Шарената револуција, кога немаше никава организација ниту структура во движењето, ние многу внимававме кога започнавме да користиме бои како начин за изразување на револтот. Спротивно на сета пропаганда за нашето „хулиганство и дивеење“, ние внимававме какви бои користиме, внимававме да нема структурни оштетувања на објектите и внимававме нашти е протести да не резултираат со други кривични дела.

Националниот конзерваторски центар утврди дека бојата се вади со алкален сапун и топла вода и дека вкупната штета која нашиот протест ја предизвикал врз Министерството за култура е околу 15.000 денари (останува отворено прашањето зошто груевски плаќаше десетици илјади евра за чистење на нешто, што толку ефтино може да се отстрани). Оваа сума значително се разликува од првичната проценка на тогашното Министерство (повеќе од еден милион денари) и од проценката на Бирото за судски вештачења (околу 460.000 ден). Тоа што ми е мене познато за постапката против членовите на левица е дека и тие, како и јас, го оспоруваат нарачателот на нивното вештачење, но (сега за сега) не и висината и типот на штетата.

Врз основа на тоа, не може и не треба да се прави паралела во двете постапки. Јас се уште сметам дека нивното гонење е резултат на политичкиот прогон на претходната влада и се надевам дека на крајот ќе бидат ослободени од одговорност. А ако не бидат, парите за причинетата штета се обезбедени и ќе бидат искористени за таа намена.

Затоа, би сакал да ги замолам лидерите на некои од вонпарламентарните партии да се воздржат од популистички критики за кои знаат дека не се правно засновани и конечно да се посветат на решавањето на многуте вистински проблеми кои се уште ги има нашата држава. Нам ни е потребна сета помош која можеме да ја добиеме.

Во меѓувреме, јас ќе продолжам да се борам, најдобро што можам и без откажување, за целите за кои протестиравме - за одговорност за стореното и осигурување дека такво нешто нема да може да се повтори.

И п.с. Немам никаква намера да барам интерпелација за министерот за земјоделство бидејќи сторил прекршок со тоа што запалил цигара во ноќен клуб“ пишува Богоевски на социјалните мрежи.


Можеби ќе ве интересира

Потпишан договор за државна поддршка со групацијата ВИК – почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места

Потпишан договор за државна поддршка со групацијата ВИК – почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места

СЕЛА сведочеше за нападот од 27 април

СЕЛА сведочеше за нападот од 27 април

Дете од Штип почина на Детската клиника во Скопје

Дете од Штип почина на Детската клиника во Скопје

Јункер доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?

Јункер доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?

Кои се недостатоците на извештајот на ФПСМ за трагичната смрт на Калина и Александар?

Кои се недостатоците на извештајот на ФПСМ за трагичната смрт на Калина и Александар?

ВМРО бара морална одговорност од повисоко ниво за слчајот со силуваното девојче

ВМРО бара морална одговорност од повисоко ниво за слчајот со силуваното девојче

Како пресуди судот за Ивона Талевска?

Како пресуди судот за Ивона Талевска?

ХРАНА, АЛКОХОЛ, ФАЛСИФИКАТИ: Што падна во рацете на царинските службеници?

ХРАНА, АЛКОХОЛ, ФАЛСИФИКАТИ: Што падна во рацете на царинските службеници?

ИСТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА: По скандалот во „25 мај“ директорот презеде одговорност

ИСТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА: По скандалот во „25 мај“ директорот презеде одговорност