20 Јануари, 2018
0.5228
    ALK 7650    0.02%     BESK 9991    -3%     GRNT 824.02    0.32%     KMB 3152.12    0.17%     MTUR 4250    1.19%     OHB 5200    4%     OKTA 3111    -8.96%     RMDEN16 94.4    0%     RZUS 113    9.51%     SLAV 6100    95.89%     STB 960    1.65%     STIL 151.56    0.58%     TIKV 153    -2.55%     TKVS 3202    1.72%     TNB 13228.04    0.22%     TTK 951.17    1.04%     UNI 2000    0.03%     ZPKO 2710    4.23%

БИЛ ГЕЈТС ПАДНА ОД ТРОНОТ: Светот го доби најбогатиот човек на сите времиња!

Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2018

Официјално е! Џеф Безос е најбогат човек на сите времиња бидејќи неговото богатство достигна неверојатни 105,5 милијарди долари.

Мнозинството на неговото богатство доаѓа од Амазон, акциите на компанијата вчера пораснале за 1,4 отсто и додале околу 1,4 милијарди долари во џебот на Безос.

Иако е најпознат по основање на компанијата Амазон, како многу други милијардери, води и други бизниси. Сопственик е на Вашингтон пост и Блу ориџин, компанија која се занимава со приватни пратувања во вселената.

Иако заработил невидено богаство, вели дека не го покренал Амазон само за да се збогати.

„Знаев дека кога ќе наполнам 80 години, ќе зажалам поради се ова. Ќе зажалев ако не пробав да учествувам во таа работа која се вика интернет. Знаев дека тоа ќе биде нешто големо“, рекол во едно интервју пред неколку години.

Богатството на Безос во 2017 се зголеми за дури 32,6 милијарди долари, што е најголем раст во историјата на Индексот на милијардери на Блумберг на кој второ место го држи Бил Гејтс со 89,1 милијарда долари.

Со зголемување на богатството основачот и шеф на Амазон, се поставува прашањето што планира да направи со тие пари.За разлика од Гејтс или американскиот вложувач Ворен Бафет, Безос засега релативно се одрече од мал дел од своето богатство во корист на сиромашните.

Шефот на Амазон однеодамна и се посвети на филантропијата. Во јуни преку Твитер побара совети за тоа како најдобро да им помогне на другите. Од 2002 година, Безос ги подели акциите во сегашната вредност од околу 500 милиони долари, пресмета Блумберг.

Гејст (62) да не поделереше чиси 700 милиони долари вредни акции на Мајкрософт и поделил речиси три милијарди долари добротвори организации, тој денес убедливо би бил прв на листата најбогати луѓе на светот, тежок околу 150 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЧЕКАЈТЕ: Германија бара сезонски работници, плата и до 4 000 евра

НЕ ЧЕКАЈТЕ: Германија бара сезонски работници, плата и до 4 000 евра

ЕПЛ сака да биде и морален гигант-за што ќе плати 38 милијарди долари?

ЕПЛ сака да биде и морален гигант-за што ќе плати 38 милијарди долари?

СЕ ПОЧЕСТО СЕ КУПУВА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ: Што купуваат најмногу европските граѓани?

СЕ ПОЧЕСТО СЕ КУПУВА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ: Што купуваат најмногу европските граѓани?

Игнорирајте вакви луѓе: Знаци кои укажуваат дека сте во лоша работна екипа

Игнорирајте вакви луѓе: Знаци кои укажуваат дека сте во лоша работна екипа

МИЛИЈАРДСКА ЗДЕЛКА: Ferrero го купува американскиот бизнис на Nestle

МИЛИЈАРДСКА ЗДЕЛКА: Ferrero го купува американскиот бизнис на Nestle

Искоренете ги овие 7 штетни навики на работното место ако сакате поголем успех

Искоренете ги овие 7 штетни навики на работното место ако сакате поголем успех

БИЗНИС КОЈ НОСИ ПО 12.000 ЕВРА ГОДИШНО: Можете да почнете и со мала површина

БИЗНИС КОЈ НОСИ ПО 12.000 ЕВРА ГОДИШНО: Можете да почнете и со мала површина

Според „Goldman Saks“ биткоинот е новото злато

Според „Goldman Saks“ биткоинот е новото злато

Трансфери на акциите на Гранит и Тиквеш - За каква зделка се работи?

Трансфери на акциите на Гранит и Тиквеш - За каква зделка се работи?