25 Април, 2024
0.0450

Баша со тешки обвинувања: Рама е едно со албанската мафија

Објавено во: Балкан 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, денеска на 37-от ден од протестите пред албанската Влада, упати тешки обвинувања до актуелниот премиер Еди Рама и го повтори барањето за негово заминување.

Тој наведе дека Демократската партија и нејзините сојузници ја имаат подршката на Америка и Европа, што добро знаат дека со „Албанија владее премиер кој станал едно со мафијата“.

– Ова е 37-ми ден од протестите, нашата одлучност не се намалува да останеме овде на овој плоштад. Уште од првиот ден истакнавме дека ова е национално движење, бидејќи од него зависи судбината на сите Албанци, каде и да се. Друга алтернатива нема, една силна Албанија е најдобра и најсигурна гаранција за посилни и подостоинствени Албанци, каде и да живеат, порача Баша.

За албанскот демократски лидер, една слаба Албанија каде власта ја држи во рака судбината на луѓето и се заканува со купување гласови, е “најголемата гаранција за другите земји да ги негираат правата на Албанците во дијаспората“.

– Ова не е движење чија цел е менување на границите, туку движење кое тежнее тие граници да не бидат бариери и да ги обединат Албанците. Поради тоа ја имаме подршката од сите Албанци каде и да се. Ова е битка за достонството на албанскот народ, битка за слободни и фер избори, нагласи Баша.

Поради тоа, Америка и Европа се со нас до крај, потенцираше лидерот на најголемата опозициска Демократска партија.

– Треба да ја ослободиме Албанија од тиранијата. Западот и Вашингтон ја знаат вистината дека Албанија ја раководи премиер кој стана едно со мафијата,- изјави Баша пред демонстрантите во огромниот шатор пред Владата во Тирана.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)