БАРААТ ПОШТАРИ: Нудат плати од 1000 евра
Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2018
Поштата во Словенија распиша конкурс за 20 поштари, но овие работни места планира да ги потполни со работници од БиХ.
За нив се нуди плата од 1000 евра. Ангажманот ќе биде за период од една година.
Двете земји имаат потпишано договор за вработување.
Се бараат кандидати со возачка дозвола Б категорија, да се психофизички способни, да имаат комуникациски вештини, да знаат да работат со клиенти, да не се осудувани, и секако да говорат словенечки јазик.
Ова не е прв пат да се бараат кадри за поштата во Словенија на Балканот. И минатата година имаше сличен оглас, но можност да конкурираат имаа и граѓаните на Србија.