16 Април, 2024
0.0244

БАНКИ: Потрошувачки кредити за живејачка!

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Банкарската 2017, според оценките на Народната банка, заврши со очекувани резултати во однос на кредитниот и депозитниот раст. Додека во НБМ се комплетираат податоците за целата измината година, расположливите податоци покажуваат дека ликвидноста на банкарскиот сектор се задржала на високо ниво, кредитите бележат раст на годишна основа, главно поттикнат од кредитирање на населението, додека кај компаниите, кредитирањето бележеше промени и на месечно и на годишно ниво. Дел од банкарите за „Фактор“ веќе коментираат дека во оваа 2018 година се потребни порадикални промени на сегашните политики за да се стимулира посериозна кредитна поддршка на стопанството.

Доминација на денарските кредити …

Банкарската 2017 заврши со 4,7 милијарди евра – кредитни пласмани по сите основи. Во очекување на декемвриските податоци, кои драматично нема да ја променат сликата за кредитната година, податоците што ги обработи „Фактор“ покажуваат дека во ноември во споредба со истиот месец во 2016, вкупната кредитна изложеност се зголемила за скоро 250 000 000 евра. Така, лани во ноември вредноста на кредитирањето изнесува 4 714 000 000 евра а во истиот месец од 2016 година било на ниво од 4 465 512 000 евра. Раст на кредитирањето на годишно ниво забележа и НБМ.

„На кредитниот пазар кредитирањето продолжи забрзано да се зголемува, при речиси рамномерна распределба на кредитите кај секторот „население“ и кај корпоративниот сектор, при што вкупната кредитна активност забележа годишен раст од 5,6%“ - соопштуваат од Народната банка.

Интересен е трендот на раст на денарското кредитирање. Во ноември, денарските кредити биле на ниво од 3,9 милијарди евра или со удел од 83.8% во вкупните кредити, додека девизното кредитирање во вредност од 768 милиони евра имало удел од 16,“%.

„Вкупните кредити на корпоративниот сектор во ноември забележаа нагорна месечна и годишна промена од 0,8 и 1,9 отсто, соодветно. Притоа, зголемената кредитна активност и на месечна и на годишна основа во целост се објаснува со порастот на денарското кредитирање, при намалување на девизното кредитирање“ - велат од НБМ.

Секторски, во текот на годината кредитирањето на фирмите бележеше големи осцилации. Според еден од поранешните гувернери, Љубе Трпески, забавеното кредитирање кај компаниите се лоцира во две причини.

„Дали банките ја исполнија својата функција за поддршка на бизнисот? Во основа да. Но не до крај. За тоа, постојат, според мене две причини. Првата е што најголемиот дел од банкарскиот бизнис го држат трите најголеми банки, и тие со тоа се наоѓаат во една олигополска положба, па можат да ги диктираат каматните и другите услови. Втората причина е фактот што НБМ за да го одржува девизниот курс стабилен, мора да ги држи релативно на високо ниво каматните стапки на благајничките записи, и во услови кога нема инфлација, па дури и кога имавме дефлација. Тие камати се силен поттик за банките големи износи на средства да пласираат во благајнички записи. Се разбира тука треба да се додадат и обврзниците на Министерството за Финансии. Зашто банките би влегувале во поголема кредитна експанзија во стопанството ако пласманите во НБМ и Министерството за финансии им се 100% сигурни пласмани.“ - изјави професорот Трпески во интервју за „Фактор“.

Замав на потрошувачките и станбените кредити …

Со атрактивни камати, без хипотекарни условувања а со примамливи суми и до 15 000 евра, потрошувачките кредити и во 2017 година беа најбараниот и најодобруваниот банкарски продукт.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во ноември, кај најзастапените категории - потрошувачките и станбените кредити е забележана нагорна месечна промена од 0,9 и 2 отсто, соодветно, која на годишно ниво изнесува 11,2 и 15 отсто, соодветно“ - информираат од НБМ.

Дел од банкарите потврдуваат дека потрошувачките кредити останаа најбарани во годината што измина, заедно со станбените, како резултат на тоа што изминатите години се намалуваа каматните стапки за овој вид кредити. Сепак, стапките на кредитниот раст, иако се во согласност со проекциите, тие се далеку пониски од оние што беа регистрирани пред повеќе години.

„Мора да се сменат условите за работа за да се предизвика преструктуирање на кредитирањето, односно преку мерките во монетарната и фискалната политика да се насочат банките кон пласманите во стопанството. Како и секоја друга индустрија, така и во банкарството инвестициските активности се насочени секогаш кон најмал ризик со најголем принос. Во моментов таквите кредитни активности се најефикасни со пласмани кај домаќинствата. Мислам дека сега е вистинскиот момент за да се воведат нови иновативни мерки за стимулирање и ослободување на лимитите за кредитирање на стопанството“ - изјави во интервју за „Фактор“, првиот човек на Стопанска банка – Битола, Владимир Ефтимоски.

Заклучно со ноември, граѓаните само по основ на потрошувачки кредити должеле 1 милијарда и 152 милиони евра. Нефункционални кредити на крајот од единаесеттиот месец изнесува 324,7 милиони евра или околу 6,5% во вкупните кредити.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат