АТЕНТАТ ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА: Убиен Оливер Ивановиќ
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Непознати напаѓачи пукале во Оливер Ивановиќ утрово во Косовска Митровица.
На лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е пукано околу 9,30 часот пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.
Ивановиќ во тешка состојба е префрлен во болница, но и покрај напорите на лекарите не преживеал пренесуваат медуимите од регионот. Според неофицијални информации, Ивановиќ е повреден во стомакот, по што итно е префрлен во болница.
Дел од градот во кој се случил нападот е блокиран од силни полициски сили.