25 Април, 2024
0.1636

Андов: Талат Џафери нема да биде првиот Албанец претседател на Собрание

Објавено во: Македонија 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Првиот собраниски спикер Стојан Андов дава свој увид околу прашањето дали Албанец може да биде претседател на Собрание, па потсетува дека Талат Џафери кој сега важи за главен кандидат за функцијата не би бил првиот во историјата на Македонија.

- Етничиот предзнак не значи ништо, никаква пречка не е тоа, бидејќи ние досега сме имале Албанец, претседател на Собранието. Тоа е почитуваниот, наш, чуен педијатар, Вулнет Старова кој беше пред мене. Кога заврши неговиот мандат, па во новото повеќепартиско Собрание бев избран јас. Така да, тоа не може да биде пречка, не сметаше ништо, беше одличен претседател и верувам и Талат Џафери ќе биде, тоа не може да му биде пречка. Сега, ако политички сметаат дека е неподобен, кај Талат Џафери исто е проверено. Колку што знам ја има довербата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи беше министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, оценува Андов.

Инаку, Џафери не би бил ниту прв кандидат Албанец за собраниски спикер по осамостојувањето, бидејќи во 2000-та година на предлогот Стојан Андов да биде претседател на законодавниот дом, социјалдемократите го номинираа Абдурахман Халити  од ПДП. Мнозинството гласови ги освои Андов, но остана запаметено дека пратеници Македонци поддржале Албанец да стане прв човек на Собранието.

-Тогаш јас бев кандидат и Алити, меѓутоа Алити  многу се мислеше дали и воопшто да се кандидира, и самиот беше уверен дека овојпат штом сум кандидат треба да бидам избран. Инаку ќе беше и он одличен претседател, Алити беше одличен во секој поглед“, додава Андов.

Андов тврди дека клучна работа е собранискиот претседател да знае да си ја врши својата работа, а според него Џафери има повеќегодишно искуство во Парламентот.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација