Албанија го повика Косово да го ратификува договорот за границата со Црна Гора
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2017
Тирана го поддржува потпишаниот Договор за обележувањето на границата меѓу Косово и Црна Гора, изјави претседателката на албанскиот парламент Илир Мета на состанокот со косовскиот колега Кадри Весели.
Мета ги повика косовските пратеници да го ратификуваат договорот, против кого остро се спротивставува опозицијата во Косово.
„Изразуваме комплетна поддршка на Договорот за обележувањето на границата со Црна Гора, од кок зависи либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово и надминување на политичката стагнација“, изјавил Илир Мета.
Тој исто така изразил поддршка за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград: „Убедени сме дека сите треба да го поддржуваме дијалогот со Србија, кој е потребен за понатамошно зацврстување на стабилноста и безбедноста во нашиот регион“, истакна Мета. По повод апсењето на косовскиот политичар Рамуш Харадинај во Франција по барање на Србија, обвинувајќи го за воени злосторства за време на косовскиот конфликт, Мета изјави дека „тоа го потврдува недостигот на волја на властите во Србија за нормализирање на односите“.